петок, 13 ноември 2026
Најново

Советот на општина Битола ја прифати програмата за управување со отпад

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Советот на општина Битола ја прифати програмата за управување со отпад која ја предложи и во текот на годината ќе ја реализира ЈП „Комуналец“ – Битола.Програмата подразбира организиран систем на постапување со отпадот односно, собирање, транспортирање и депонирање на комуналниот и другите видови на неопасен отпад, процесите на селектирање, третман и складирање на отпадот, надзорот над овие операции, како и мерките за заштита на животна средина, животот и здравјето на луѓето, со цел правилно управување со комуналниот и другите видови на неопасен отпад на територијата на општина Битола.
– Собирањето и транспортирањето на комуналниот и другите видови на неопасен отпад на територијата на општина Битола се врши од вкупно 16 реони, со 18 специјални возила за собирање и транспортирање на отпадот. Од 13 реони се врши собирање на комунален отпад од домаќинства, од 1 реон се врши комбинирано собирање на комунален отпад од домаќинства и индустриски неопасен отпад, од 1 реон се врши исклучиво собирање на индустриски неопасен отпад, а од 1 реон се врши селективно собирање на отпадна хартија и отпадна пластика (РЕТ), информираат од ЈП „Комуналец“-Битола
Врз основа на анализите направени од страна на ЈП „Комуналец“- Битола просечните неделни количини на собран комунален отпад изнесуваат 545 тони, односно околу 28.500 тони отпад годишно.
-За собирање на комуналниот и другите видови на неопасен отпад на територијата на општина Битола поставени се специјализирани садови за собирање на истиот и тоа 1.450 контејнери од 1,1м3, 22 контејнери од 5м3, пластични канти од 120-240 литри и импровизирани садови. За селективно собирање на отпадот (хартија и пластика) на територјата на општина Битола поставени се специјализирани пластични контејнери од 1,1 м3 и мрежасти контејнери, велат од овој локален комунален сервис.
Собраните количини на отпад се депонираат во депонијата Мегленци со која управува ЈП „Комуналец“-Битола. За работа на депонијата, изработен е План и програма за депонирање на комунален отпад во депонија Мегленци (2014-2017) и Програма за работа на депонијата Мегленци (2014-2016).Програмата подразбира организиран систем на постапување со отпадот односно, собирање, транспортирање и депонирање на комуналниот и другите видови н

Поврзани вести