Вашите горни и долни заби би требало да се сретнат единствено кога јадете. Но секој втор човек повремено чкрипи со забите, а секој петти тоа го прави дневно велат стоматолозите.Некои луѓе чкрипат со забите единствено во сон, што се нарекува бруксизам,а други несвесно во текот на денот.
Во секој случај, таа навика создава притисок на забите многу поголем од жвакањето.
-Притисокот може да биде и до 600 килограми по центиметар квадратен – објасни Диетмар Остерајх, потпретседател на германскиот дентален сојуз.
Тоа е штетно и не само за забите. Со чкрипењето можетe да ги отупие секачите,кучешките и да им ја намалите површината на катниците и преткатниците. Со тоа се губи тврдото ткиво на забот и тие го губат изворниот облик.
Тоа значи дека ќе почнат да реагираат на топло и ладно. Делови од забите може да се скршат, а коронките и пломбите да испаднат. Многу од луѓето што патат од бруксизам, ќе ги забележи последиците следното утро.
-20 до 30% од пациентите ќе почувствува болка во мастикаторниот мускул, вилицата ќе им биде укочена и ќе се слуша звук на крцкање при отворање на устата – објаснува Остерајх.
Болката може да се шири во вратот, на некои да им предизвика главоболки, особено во слепоочницата- додава психотерапевтот Михаел Прајбш. Болката може да се намали со масажа на мастикаторните мускули и топли облози. Помага и зевањето бидејќи ги опушта мускулите, вели Прајбш. Но сето тоа само ги ублажува симптомитем а не го лечи предизвикувачот, кој најчесто е стресот. Затоа луѓето што чкрипат со забите најпрво треба да установат зошто се под стрес и да се обидат да го намалат, со примена на автогени тренинзи или некои други методи на релаксација. Некогаш е потребна и професионална помош, вели Прајбш.Некои луѓе чкрипат со забите единствено во сон, што се нарекува бруксизам,а други несвесно во текот на денот.
Во секој случај, таа навика с