Бегалците во Германија: „Тука е како во затвор. Има само германска храна, а ние сме Арапи“

Олеснување, а потоа разочарување и очај. Откако ќе пристигнат во Германија, многу од бегалците сфаќаат дека животот којшто ги очекува е премногу горчлив и осамен.Некои од нив не ги замислувале работите токму така.
„Тука е како во затвор“ – вели еден бегалец, сместен во една гимназија на Борнхајм.
„Има само германска храна, а ние сме Арапи. Што ќе правиме на Рамазан“ – додава друг.
Едно 14-годишно девојче додава: „Кога играм на мобилен телефон, почнуваат да ми викаат дека треба да внимавам на тишина. Но, зошто?“
Ситуацијата во кампот во Борнхајм е напната. Бегалците коишто се сместени таму, се жалат на лошите животни услови, од постојаната контрола на социјалните работници и од тоа дека не знаат уште колку долго ќе им се наметнува да престојуваат во училишната сала. Во неа живеат околу 80 лица од Ирак, Сирија и Палестина.
Во знак на протест против условите, некои од нив кампуваат на улицата пред училиштето. Меѓу нив е и Ирачанецот Башар.
„Не можам повеќе да издржам во овој камп. Имам 26 години, но откако сум тука, се чувствувам како старец“ – вели тој. Во Ирак работел како очен лекар и избегал од татковината бидејќи радикалните исламисти му се заканувале со убиство.
Шест лица на површина од 25 квадратни метри
„Мислевме дека тука има надеж за нас, но каде е“ – прашува младиот Ирачанец.
Заедно со семејството живее во спортската сала од училиштето во Борнхајм. Шест лица делат простор од 25 квадратни метри.
Собите во спортската сала се привремено преградени со дрвени плочи. Психолозите додаваат: „Во почетокот, повеќето бегалци доживуваат олеснување дека успешно стигнале во Германија и се спасиле од граѓанската војна и насилството. Тоа првично чувство, сепак брзо се претвора во очај од недостатокот на секаков личен живот и перспектива. Многу од бегалците запаѓаат во депресија“ – вели професорката по психологија Ева-Лот Бракемаер.
Принудно дејствување
Рајнер Шуман од градската управа на Борнхајм, не ги разбира поплаките на мигрантите.
„Ние им нудиме различни активности – можат да играат фудбал, кошарка. Организираме екскурзии и јазични курсеви. На големата табла во салата има секогаш актуелни информации за секакви настани“ – вели тој.
Има и мала сала за собири. Претставниците на медиумите немаат право да влезат во бегалскиот центар без дозвола на градските власти.
„Животот тука е горчлив“
„Ако стануваше збор само за мене, јас можам да живеам и во овие услови. Но моето семејство не може да остане тука. Ситуацијата е ужасна за малиот син Ахмед, кој е дијабетичар. Лицето на слабото момче има нездрав изглед. Еднаш неделно, соработниците на Малтешкиот ред го водат на лекар.
„Но, Ахмед има потреба од друга средина и од друга храна. Не може да јаде секој ден само леб, салами и сирење“ – вели Башар.
Тој ги изгубил сите претходни илузии и дополнува тивко на арапски: „Животот тука е горчлив. Подобро да останев во Сирија со ризик да загинам.“
Во Борнхајм нервите дојдени до крајни граници. Градските власти итно се обидуваат да најдат домови за што повеќе бегалци. Башар и другите жители на гимназијата секој ден одат до градскиот совет.
Тие сакаат да добијат некаков одговор на прашањата што ги мачат – и најмногу на едно: Колку долго уште треба да живеат во училиштето?
Башар вели: „Јас нема да се вратам повеќе таму. Ќе почекам тука, пред социјалната служба, додека не се најде сместување за мене и моето семејство.“Некои од нив не ги замислувале работите токму така.
„Тука е како во затвор“ – вели еден бегалец, сместен во една гимназија на Б

Пронајдете не на следниве мрежи: