Дали знаете дека ние сме од „трет свет“?

Во медиумите преовладува популарното мислење дека терминот „земја од третиот свет“ се однесува на лошиот економски статус на одредена земја, и дека ја означува најсиромашната третина во светот. Овој термин се појавува на почетокот на Студената војна и всушност на никој начин не е поврзан со економскиот статус.За време на Втората светска војна, САД и Советскиот Сојуз се бореле на иста страна со цел да го спречат Хитлер и нацистите да го завршат нивниот геноциден план за светска доминација. Сепак, по победата во војната, економските и политички разлики меѓу двете суперсили излегле во преден план. САД и нивните сојузници го формирале НАТО во 1949 година, а неколку години подоцна СССР и комунистичките земји од Источна Европа го формираат Варшавскиот пакт.
Претчувствувајќи ја новата светска поделба, францускиот историчар и демограф Алфред Сауви ги поделил земјите во светот на „три света“. „Првиот свет“ се однесувал на САД и нивните сојузници, „вториот свет“ на СССР и нивните сојузници, а сите неутрални нации ги опишал како „трет свет“.
Многу земји не сакале да се придружат на ниту една страна и останале неутрални. Некои од овие земји биле поранешни колонии или немале воени и економски ресурси, па според тоа и не биле од корист за големите сили. Но, некои држави едноставно одлучиле да не бидат вклучени во Студената војна. Меѓу нив биле и Југославија, Финска, Швајцарија, Шведска, Ирска и Австрија. И покрај тоа што овие земји биле економски стабилни и просперитетни, тие исто така се сметале за „земји од третиот свет“.
Надвор од Европа, најдобар пример за развиена неутрална земја била Саудиска Арабија. И покрај тоа што била под американска заштита за време на Втората светска војна, Саудиска Арабија останала неутрална во Студената војна и останала во „третиот свет“, иако Саудијците отсекогаш уживале во високиот животен стандард поради големиот извоз на нафта.
По крајот на Студената војна и распадот на СССР терминот „втор свет“ престанал да функционира, а терминот „трет свет“ погрешно почнува да се користи кога се зборува за сиромашните земји. За овие држави се користи и терминот „земји во развој“, но во последните години голем број економисти започнаа да го избегнуваат и тој термин, поради тоа што некои од овие земји веќе достигнаа солидно ниво на раст (како Бразил, Кина и Индија). Денес кога се зборува за економски неразвиените земји често се користи терминот „мнозински свет“, поради фактот што мнозинството од светската популација живее во овие сиромашни земји.
Извор: Think.mkЗа време на Втората светска војна, САД и Советскиот Сојуз се бореле на иста страна со цел да го спречат Хитлер и нацис

Пронајдете не на следниве мрежи: