Џим О’Нил: Дојде времето кога на секои 3 секунди ќе умира човек поради антибиотиците!

Веднаш треба да се воведе контрола врз нивната употреба, за да не платиме „ужасна човечка и економска цена“.Антибиотиците наскоро ќе престанат да дејствуваат и основните третмани ќе станат несигурни, ако не бидат преземени мерки тоа да се избегне, објавија „Индипендент“ и „Франс прес“. Ако антибиотиците станат неефикасни, ќе стане премногу опасно да се прави царски рез или други рутински операции.
Затоа е потребно итно да биде воведена контрола пред антибиотиците да престанат да делуваат и многу болести да станат неизлечиви, што може да доведе до „ужасна човечка и економска цена“, предупреди извештајот од големо британско истражување, цитирано од новинарските агенции.
По нарачка на британската влада, економистот Џим О'Нил ја испитал употребата на антибиотици. Во извештајот тој нагласува дека ако не бидат преземени итни мерки, превентивната медицина ќе се врати во „средниот век“.
Без итни мерки, резистентните инфекции ќе убиваат 10 милиони луѓе годишно до 2050 година, односно еден на секои три секунди – повеќе отколку што сега стануваат жртви на ракот.
Извештајот повикува на драстична промена во начинот на користење на антибиотици, чија несоодветна консумација води до отпорност на супербактериите.
Тој нуди голема кампања, бидејќи луѓето во голема мера не го сфаќаат ризикот. Корисно би било да биде значајно да биде намалено користењето на антибиотици во сточарството.
Во Велика Британија, на пример ,45 проценти од антибиотиците се даваат на животни за спречување на инфекции. Џим О'Нил, исто така нуди да биде формиран фонд за истражување од 2 милијарди долари, како и да се наградуваат лабораториите кои развиле нов антибиотик со една милијарда долари.
„Потребна e успешна контрола на употребата на антибиотици, пред тие да престанат да дејствуваат. Ако тоа се случи, голем број тешки заболувања ќе останат без терапија и тоа ќе чини ужасна човечка и економска цена“ – предупредува извештајот за употребата на антибиотици од економистот и поранешен шеф на Голдман Сакс, лорд Џим О'Нил.
Двегодишната студија на О'Нил е извршена по барање на британската влада поради зголемената загриженост на властите за зголемената употреба на антибиотици во земјата, пишува британскиот весник „Индипендент“.
Отпорноста на антибиотици расте со такво темпо, што наскоро овој вид на лекување може да ја загуби ефикасноста.
Ако тоа се случи, процедурите како царски рез, замена на зглобови и хемотерапија би станале потенцијално опасни. Ако не се преземат итни мерки, неразградливи инфекции ќе доведат до смрт на над 10 милиони луѓе годишно до 2050 година. Се смета дека инфекциите кои се отпорни на лекови, се зголемуваат поради непотребната употреба на лекови како антибиотикот и препаратите за антифунгална терапија кај безопасни состојби како што е настинката.
При прекумерна употреба се добива отпор кон антибиотикот, што значи дека некои болести стануваат неизлечиви. Во извештајот на О'Нил се наведува дека се потребни итни мерки за да се спречи зголемената употреба на антибиотици. Меѓу препораките на О'Нил е и кампањата за запознавање со штетите од прекумерната употреба на антибиотици, ограничувања на потрошувачката, како и дополнителни трошоци на некои лекови.
Извештајот наведува дека без преземање на мерки, недостатокот на ефект од антибиотиците ќе чини 100 трилиони долари до 2050 година.
Антибиотиците се користат за да ги убиваат бактериите или да го ограничуваат нивниот раст. На тој начин го запираат и ширењето на инфекции. Тие се причината за речиси целосното исчезнување на голем број сериозни болести, како што се туберкулозата и сифилисот.Антибиотиците наскоро ќе престанат да дејствуваат и основните третмани ќе станат несигурни, ако не бидат преземени мерки тоа да се избегне, објавиј

Пронајдете не на следниве мрежи: