Доизградба на водовод во с.Кундино, општина Пробиштип

Со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во висина од 1.500.000 денари деновиве започнаа активностите за доизградба на водоводот во с.Кундино.За време на извршениот увид во текот на активностите, Градоначалникот Тоневски појасни дека бидејќи станува збор за едно од селата од општина Пробиштип кое се наоѓа на поголема височина, единствен услов за водоснабдување на селото беше приклучување на водоводниот систем на општина Кратово. Постигнат е договор со ЈП “Силком“ од Кратово, за приклучок на нивниот цевковод кој доаѓа од браната “Кнежево“ кај м.в. Жгури. Веќе има изградено филтер станица, резервоар и дел од трасата, а сега ќе се направат 19 шахти вклучувајќи ја и приклучната шахта во кои ќе бидат вградени фасонските делови, вентили и целата потребна опрема предвидена со проектот. Паралелно со ова, ЈКП “Никола Карев“ ќе ги направи приклучоците од шахтите до сите домаќинства.
Градоначалникот Тоневски истакна дека целта на доизградбата на овој водоснабдителен систем е редовно снабдување со квалитетна вода на с.Кундино, со што освен што значително ќе се подобрат условите за живот на жителите, ќе се стимулираат и иселените жители да се враќаат почесто во селото.За време на извршениот увид во текот на активностите, Градоначалникот Тоневски појасни дека бидејќи станува збор за едно од селата од опш

Пронајдете не на следниве мрежи: