Еве зошто имате ЛОШ ЗДИВ!

Лошиот здив може да биде причина за многу фрустрации и губење на довербата. Иако причините можат да бидат и покомплицирани, понекогаш, се што ни треба за да се ослободиме од лошиот здив е чаша вода.Еве кои работи најчесто го причинуваат лошиот здив:
Храна: Мирисот од храната најчесто може да се елиминира со гума за џвакање, или миење на забите со паста за заби. „Храната со силен мирис, како кромидот и лукот, и пијалоците како кафето, предизвикуваат непријатен мирис во устата“, вели Керен Коатс, дентален советник во Фондацијата за орално здравје. “Се разбира, и пушењето е огромен причинител на здив со непријатен мирис“.
Слаба хигиена во устата: Најголемиот причинител на лошиот здив се бактериите во устата, предизвикани од недоволното четкање на забите. „Парчињата храна се заглавуваат меѓу забите и се разградуваат создавајќи гас со непријатна миризба“, вели Коатс. „Ваквите гасови настануваат од мноштвото бактерии што живеат во устата и се хранат од остатоците од храната и шеќерите, па оттаму се ослободува и лошата миризба“, додава доктор Мигел Стенли. Затоа користењето на конец за забите е многу важно.
Дехидрација: Често се занемарува, но дехидрацијата е уште една огромна причина за лошата миризба на здивот. Тоа значи дека организмот не лачи доволно плунка. „Плунката е природен начин на устата да се избори со бактериите, бидејќи има антибактеријско својство“. Без плунка, бактериите што прават лош здив брзо се размножуваат.

Кои здравствени проблеми се врзани со лошиот здив?
Др.Стенли нагласува дека не се сите симптоми поврзани со расипани заби. „Ако здивот ви е со поблаг мирис, како овошје, може да е симптом на дијабетес, а ако пак мириса на амонијак, може да е показател на проблеми со бубрезите“, објаснува тој.
Многу е важно да ги проверите и отфрлите сите можности пред да побарате лекарска помош. Ако лошиот здив постои и покрај немањето на проблеми со забите, др. Стенли препорачува да се посети специјалист за уши, нос и грло и да се провери дали имаме проблеми со синусите, како и гастролог за да бидете сигурни дека се е во ред со дигестивниот тракт.
Совети за поправање на лошиот здив:
-Неопходна е честа контрола на забар, за да бидете сигурни дека непцето е здраво. „Важно е да сте сигурни дека короните и пломбите се совршено прилагодени на структурата на забот“, истакнува Стенли.
-Две минути чистете го јазикот со четка и паста за заби пред спиење и барем уште еднаш во денот, советува Коатс. „Само по себе, четкањето помага во отстранување до 60% од површината на забите, и затоа чистете и меѓу забите со помош на интердентални четки или конец за заби барем еднаш во текот на денот.
-Џвакајте гуми за џвакање без шеќер, бидејќи и помага на устата да создаде плунка и ја спречува од сушење. Сува уста може да води до лош здив.
-Водете си листа од сета храна и лекови што ги внесувате. Покажете му ја листата на забарот, за полесно да го открие проблемот и да го реши.Еве кои работи најчесто го причинуваат лошиот здив:
Храна: Мирисот од храната најчесто може да се елиминира со гума за џва

Пронајдете не на следниве мрежи: