Гази Баба учесник на Конференција во Виена

Гази Баба учесник на Конференција во ВиенаСоветникот за финансиски прашања М-р Владимир Божиновски претставник од Општина Гази Баба учествуваше на Конференција “Public Governance as the Foundation of European Integration”, која се одржа во Виена – Австрија во месец јуни, во организација на BACID – Building Administrative Capacities in the Danube Region, KDZ – Zentrum für Verwaltungsforschung – Centre for Public Administration Research и World Bank-Austria Urban Partnership Program.Во рамки на панел дискусијата, подобри услуги преку посилни градови, тој ја презентираше алатката за финансиска општинска самопроценка – MFSA, како и насоки како општините самостојно да направат детално самооценување на финансискио капацитет, во насока на поддршка на општините во SEE во процесот на модернизација, иплементирање на реформи и локалниот развој.Целта на настанот кој се одржа во Конгресниот центар на Виена – Австрија беше, представниците од повеќе општини, фондации, институти, комисии во рамки на Европска унија и други организации, да споделат информации за политиките на регионот, за напорите за реформа на јавната администрација во Западен Балкан, преглед на европските алатки за добро владеење, координација помеѓу националните и на локално ниво во par- програмите, иницирање на размена на знаења и постигнување на синергија и интеграција на земјите кандидати во Европската унија.Исто така, во просториите на Светска Банка во Виена, Божиновски, во рамки на Urban Partnership Dialogue: Experiences, Results, and Next Steps, оддржа и видео кнференцијата со представници од Светска Банка во Washington – САД, каде беа презентирани практичните искуства, достигнувања и подобрувања во перформансот на финансиски менаџмент на Општина Гази БабаСоветникот за финансиски прашања М-р Владимир Божиновски претставник од Општина Гази Баба учествуваше на Конференција “Public Governance as the Fou

Пронајдете не на следниве мрежи: