Хаос во Брисел: 50.000 луѓе на улица – полицијата со водени топови против демонстрантите

Белгиската полиција се судри со луѓето кои ги окупираа улиците на Брисел по повод протестите против социјалните и економските политики на владата.
МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПРАШУВААТ: КАКВА МАЧКА КЕ СТАВИ СЕГА ВАНХОЈТЕ НА СВОЈОТ ТВИТЕР ПРОФИЛ??!?!?!?!?!?!Полицајците користеа водени топови за да ги растераат демонстрантите, а во судирите е повреден најмалку еден полицаец и неколку демонстранти.
На крајот на мирниот протест, на кој присуствуваа околу 50.000 луѓе, неколку десетици демонстранти почнале да фрлаат со камења на полицијата, што довело до судир помеѓу учесниците на протестот.
Демонстрациите се организирани против социјалните и економските политики на владата, за која синдикатите тврдат дека „ги урива темелите на државната благосостојба“.
Како што пренесува АП, тоа е повторување на претходните протести против политиката за штедење, кога насилството од страна на неколку десетици демонстранти го фрли во сенка протестниот марш на десетина илјади учесници.
Под слоганот „Чашата се прели“, на протестите во Брисел се придружија и водечките синдикати, обединети во своето противење кон мерките со кои би се зголемила флексибилноста на работниците, би се продолжил работниот стаж до пензија и би се смалиле платите за работа во тешки услови.
Синдикатите велат дека политиката на либералниот премиер Шарл Мишел во изминатите две години просечните белгиски фамилии ги чинела по 100 евра месечно, а дека е ветено да се зголеми бројот на работни места, што станало недостижно.
Синдикатите бараат владата наместо со тоа, да се занимава со оние кои избегнуваат плаќање на даноците.

Полицајците користеа водени топови за да ги растераат демонстрантите, а во судирите е повреден најмалку еден полицаец и неколку демонстранти.

Пронајдете не на следниве мрежи: