INFOMAX.MK

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во близина на градот Чараѓе, во општина Никшиќ, соопшти Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија (ЗХМС).

ЗХМС соопшти дека Одделението за сеизмологија го регистрирало земјотресот во девет часот и 17 минути со епицентар на четири километри северозападно од Чароѓе.

„Јачината на земјотресот во хипоцентарот (фокалната точка) беше 3,1 единица според Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет од IV степен од Меркалиевата скала“, се вели во соопштението.

Се наведува дека епицентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од 16 километри.

Пронајдете не на следниве мрежи: