Интервју со г-дин Канаја Лал Моза, Генерален менаџер на Индо Минерали и Метали

Господине Моза, во Македонија сте присутни од 2006 и осум години работите со рудниците Тораница и Злетово. Колку досега изнесува вашата инвестиција и вложување во работата со рудниците?Индо Минерали и Метали инвестираат во Македонија повеќе од осум години. Од 2006 година имаме вработено 1000 работници и работиме со долгорочни рударски концесии на олово и цинк. Компанијата во голема мера го илустрира потенцијалот на земјата за странски директни инвестиции. Во моментов сме едни од најголемите странски инвеститори и едни од најголемите вработувачи во Македонија. За бизнисот да биде успешен има континуирана потреба за инвестиција. Досега Индо Минерали и Метали имаат инвестирано над 1 милијарда денари во рударскиот сектор во Македонија. Инвестициите се пред се во инфраструктурата, развојот и рударската опрема. Сето ова е дел од нашата оперативна практика, која е постојано надгледувана и подобрувана според принципите и насоките на компанијата.
Неодамна ја најавивте следната инвестициска инекција за 2015 и 2016 година. Колку точно планирате да инвестирате во секторот?
Со оглед на опсежноста на работата во рудниците, како и потенцијалот на планираните активности, поставивме рамка на капиталните трошоци за следните две години за работата во рудниците Злетово и Тораница. Овие трошоци се проценуваат на околу 225 милиони денари. Според целите и планираните активности, главниот фокус на компанијата е кон зголемена продуктивност и модернизација на рударските методи, со цел зголемување на капацитетите. Ова ќе биде во согласност со глобалните трендови и во согласност со ефективната имплементација на докажани модерни технологии. Овие инвестиции ќе соодветствуваат со нашата цел да креираме одржлив бизнис и да ја подобриме социјалната, економска и еколошка благосостојба на заедницата каде работиме.
Колку е големо вашето годишно производство на олово и цинк?
Индо Минерали и Метали целат кон производство на минимум 400.000 тони на одржлива руда на годишно ниво, со конзистентен раст и соодветен развој. Поради тоа, Индо Минерали и Метали се фактор во поставените цели во поглед на производството, развојот, флотацијата, механизацијата, електриката, животната средина, безбедноста и финансиите, бидејќи сите тие се поврзани за да обезбедат одржливост на бизнисот. Индо Минерали и Метали купуваат околу 3000 видови на елементи, кои помагаат во одржување на производството. Менаџментот е одговорен за поставување на месечните, кварталните и годишните таргети.
Производството од овие рудници е наменето за странски пазари, кои се тие?
Компаниите за топење на олово и цинк се присутни насекаде низ светот и најголемите потрошувачи на концентрираните производи на денешниот пазар се Кина, Канада, Мексико, Бразил, Јужна Африка, Австралија и Индија. Индо Минерали и Метали Македонија има опција да ги продаде своите производи на голем број на пазари на глобално ниво, но сепак цели да ги продава своите производи во Европската Унија поради близината и поефективната логистика.
Колку се ценат овие метали на пазарите за олово и цинк и во тој контекст, кои се изгледите на двата рудници?
Во моментов постојат околу 240 рудници во повеќе од 40 земји кои произведуваат олово и цинк. Глобалната побарувачка за краен оловен метал е над 12,1 милиони тони годишно и краен цинк метал е над 14 милиони тони годишно, според Меѓународната група за проучување на олово и цинк. Оловниот метал се користи за производство на олово-киселински батерии за складирање, кои се исклучително важни во автомобилската индустрија. Оловото исто така се користи за покривање на кабли, тешка машинерија (каде е потребно пригушување на вибрации), водоводи и резероари и во процесот на производство на сулфурна киселина со олово. Оловото исто така се користи и како заштитен штит против Х зраците и радијацијата од нуклераните реактори.
Растечкиот тренд на индустријата од месец во месец е зголеменото рециклирање на готовиот метал, што резултира со намалена побарувачка за металуршко загревање, кивцет, синтер експлозија и директна технологија за топење, и зголемена побарувачка за кршење на батерии, ротациони печки и рециклирање.
Цинкот денес е четвртиот најкористен метал во светот, по железото, алуминиумот и бакарот и има силни антикорозивни својства. Околу 50% од светскиот цинк се користи за галванизација, која вклучува додавање на слој цинк на железото и челикот, со цел превенција од ‘рѓосување. Голема количина на цинк исто така се употребува за производство на лимови во боја, кои се важни во автомобилската, електронската и хардверската индустрија. Цинк оксидот се користи и за производство на многу производи, како боја, гума, козметика, лекарства, пластика, мастила, сапуни, батерии, текстил и електронска опрема. Цинк сулфидот се користи за правење на светлечки бои, флуоресцентни светла и рендгенски екрани. 
Кои се сигурносните мерки во рудниците и дали имате преземено чекори да ги промовирате?
Индо Минерали и Метали посветуваат еднакво внимание на производството и на безбедноста при работа на нашите вработени. Ова е многу важен аспект на нашата работа. Во рударскиот сектор, од исклучителна важност е да се надгледуваат процедурите при работа и поради тоа организираме соодветни тренинзи за вработените. Исто така спроведуваме регуларни практики во имплементацијата на медицински прегледи за здравјето на вработените Сите овие мерки се во согласност со работните практики и етиката на компанијата според насоките на Законот за безбедност и заштита при работа.
Каков е односот и соработката со општините и локалните институции?
Од 2006 година Индо Минерали и Метали целат кон воспоставување на добар однос со општините, граѓаните и локалните заедници, од каде и доаѓаат нашите вработени и имаме интеракција со заедницата. Поради фактот што локалните граѓани се вработени во Индо Минерали и Метали, веруваме дека кога инвестираме во заедницата, исто така инвестираме во работната сила и во животната средина.
Едно од последните спонзорства од Индо Минерали и Метали е за Општина Штип, кога наменивме милион денари за изградба на мост кој ги поврзува болницата и локалниот театар. Индо Минерали и Метали  оваа година исто така потпишаа два билатерални договори како дел од Меморандумите за соработка со Општините Радовиш, Кратово и Крива Паланка, кои се однесуваат на полето на соработка, спорт, културни активности и настани и иницијалити за заштита на животната средина. Индо Минерали и Метали го поддржува спортот и е долгогодишен спонзор на спортскиот тим од Пробиштип. Во поглед на екологијата, Индо Минерали и Метали наменија над 70 милиони денари во Злетово и 95 милиони денари во Кратово за животната средина, со голем број на дополнителни проекти во план.
Со сета оваа ангажираност веруваме дека јасно и искрено ја покажуваме нашата почит и грижа кон заедницата и за возврат добиваме пред се вработени со одговорен став кон нивните обврски и добра соработка со локалните институции со кои работиме.
 Индо Минерали и Метали инвестираат во Македонија повеќе од осум години. Од 2006 година имаме вработено 1000 работници и работиме со долгорочни руда

Пронајдете не на следниве мрежи: