Јавноста не го одобрува продавањето на националните интереси од страна на Заев!

„На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.“- вака гласи дел од Амандман V од Уставот на Република Македонија.„Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.“-продолжува Амандман V.
Ова подразбира дека:
Личните документи на Албанците се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на албански.Албанците во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да го употребат македонскиот но и албанскиот јазик. Подрачните единици надлежни за тие единици на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот.
Албанците во комуникација со министерствата може да го користат албанскиот јазик а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.Во органите на државната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон.„Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.“-се вели во Амандман V од Уставот на Република Македонија.

Горе напишаното значи дека со највисокиот законодавен акт во државата, на Албанците им е овозможено да го користат албанскиот јазик. Ова право Албанците не го уживаат  во ниту една друга држава каде што се малцинство.
Од друга страна, изјавата и ставот на лидерот на опозицијата Зоран Заев е Македонија да биде двојазична. Тоа подразбира дека покрај македонскиот и албанскиот да биде службен јазик на територијата на цела Македонија. Подразбира менување на Уставот и менување на идентитетот на Македонија.
Овој став на опозицијата, Заев веќе неколку пати и го обелодени на македонската јавност, но сега кога има договор за одржување на предвремени парламентарни избори, станува јасно дека двојазичноста, редефинирањето на идентитетот на македонската држава, како и газењето врз националните интереси, ќе биде основата врз која ќе се темели изборната кампања на опозицијата.
„Флертување“ со албанското малцинство и бранење на нивните интереси, додека се газат македонските национални и државни интереси.
На ваквите ставови на Заев реагираше македонската јавност.
Аналитичарот и новинар Васко Ефтов на својата Фејсбук страна сликовито го објасни ова однесување на лидерот на опозицијата:

„Дали со албанските гласови, СДСМ и Зоран Заев можат да победат на изборите? Апсолутно Не. Второ, Зошто му се потребни албанските гласови? Да има “утакмица”. Ако го отвора т.н. “албанско двојазично прашање”, на 90 дена пред изборите, тогаш тоа треба да биде суштински дел од изборната кампања на СДСМ. Сто друго може да прави Зоран Заев? Да зборува за корупција? Мислите дека со сите афери во Струмица може да го прави тоа!? Да зборува за социјална политика? Мислите дека со Радмила Шекеринка како негова десна рака може да го прави тоа!?“-пишува Ефтов и продолжува:
„Зошто му е потребно да го отвора албанското прашање? Бидејќи секоја политичка криза во Македонија ( и оваа и таа во 2001 година ) завршуваат со широка влада ( во каква била варијанта ) и со некоја форма на Рамковен Договор каде се зголемуваат правата на Албанците. Затоа Заев сега изјавува дека на парламентарните избори ќе победи кај Албанците и дека Али Ахмети и Мендух Таци ќе ги остави зад себе. Всушност Зоран Заев во 2016 сака да го глуми Али Ахмети од 2001-ва. Тој ја отвори политичката криза со бомбите и тој бара нов Рамковен Договор за зголемување на правата на Албанците. Зошто? За да биде дел од широка влада по изборите! На Заев му е јасно дека со овој СДСМ не може да победи на изборите и да ја формира новата влада. А таа широка влада ќе треба да спроведува Нов Рамковен Договор.“
Зоран Заев, за да ја спаси својата кожа спремен е да ја „продаде“ Македонија.
„Ни потврди Црпко со својот проект за билингвална Македонија. Вели дека тој со сите ризици што ги презел, решил да ја детабуизира Македонија. Уште вели дека сега му била мајката да дефинираме каква земја ќе градиме за во иднина. Само тој и неговиот жрец-толкувач или преведувач Геро ,,мислат“ дека тоа што е опасно глупаво, е храбро и мудро визионерство. По оваа дефиниција јасно се гледа дека Зоран Заев е припадник или обожавател на ИСИЛ. ИСИЛ, по оваа логика денес е најголемиот детабуизатор на Блискиот и Средниот исток, но и во Северна Африка. И овој платенички и фанатизиран конгломерат мисли дека баш сега му е мајката да ги редизајнира серијата држави кои ги нападна. Од црпковата почетна замисла до реализацијата на ветувањето дека ќе јадел живи луѓе (еквивалент на јавното сечење глави) с` се вклопува како интегрален дел од визијата на ИСИЛ за евроатлански интеграции. “-пишува Мирка Велиновска во својата колумна.

„Што има лошо во тоа? Прашува тој и веднаш резолутно одговара. Ништо. Нормално, ненормално за штрапани. Зошто Македонија треба да стане двојазична? Врз основа на која аргументација? Врз основа на рамковната со измислен процент на присутност? Врз основа на НАТО-окупација? Врз основа на територијалната поделба скоцкана по воената линија на разграничување повлечена со супервизија на НАТО во време кога траеја преговорите во Охрид и прогласено примирие кое УЧK со благослов на НАТО го кршеше? Зошто пописот од 2002 година остана оспорена и неверодостојна операција која одби да ја верифицира претседателот на државната комисија, Зоран Kрстевски? И зошто мораше да се прекине следниот по само три дена? Зошто Хавиер Солана, еден од ,,олеснувачите“, а всушност силувачите на Македонија отворено побара резултатите да се наштимуваат така за Албанците да не бидат под 20 отсто? А оваа негова изјава остана табу за македонската јавност, иако спаѓа во екстремно мафијашките и фашистички практики. Kако што е ново табу и се она што е сврзано со фамозното прочистување на избирачкиот список од кој волшебно исчезнаа 190.000 т.н. албански фантоми или попознати контингенти гласачи кои своевремено ги обелодени Андреј Жерновски. Што табу ќе да беше за извесната БЕСА јавно да плаче за 30.000 гласачи кои дополнително, со секакви чудесни методологии, ДИK мораше да ги отстрани од генералниот избирачки список. Со такви реални проблеми се соочува Македонија благодарение на вакви црпковци и геровци и нив отворено, храбро и мудро ќе треба да ги разрешат идните македонски самосвесни и одговорни политички генерации. Оти почвата веќе е опасно загадена со секакви отрови. Бидејќи и Црпко Заев смета дека допрва сме требале да дефинираме во каква држава ќе сме живееле, а таа да личела на оние од ЕУ, ајде да го прашам ќе му држи ли бабулето оваа своја голема идеја да ја стави на референдум, па да дознае на српски ,,пошто боранија у пролеќе“. Kога веќе не разбира македонски.“-пишува Велиновска.
Очајнички потег и голема грешка на опозицијата, вака политичкиот аналитичар Александар Пандов ја оценува изјавата на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев за воведување албанскиот јазик за официјален на целата територија на државата.

– Мислам дека во овие 25 години плурализам и повеќепартиско живеење, не можам да се сетам на поочајнички потег на некој политичар. Со овој потег Зоран Заев покажува дека тој нема веќе надежи кај македонскиот гласачки електорат, туку се свртува да бара гласови од Албанците. Имавме прилика да го видиме како вели дека тој и неговата партија ќе победат. Тоа го прави во предизборен период кога очекуваме да чуеме какви програми и политики ќе донесат ако евентуално победат, но и со каков тим ќе настапат на престојните избори. Тој настапува на националистички начин и тоа го прави од албански позиции, рече Пандов во гостување во ТВ Нова.
Реагираа и македонските граѓани кои со транспаренти укажаа дека не сакаат и нема да дозволат двојазичност во Република Македонија.
„Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.&ldqu

Пронајдете не на следниве мрежи: