Јован Радосављевиќ – нов генерален директор на Пивара Скопје

Од денеска, 1-ви март 2016-та функцијата генерален директор на Пивара Скопје ќе ја извршува Јован Радосављевиќ. Тој на оваа функција доаѓа по Александар Ружевиќ, кој е унапреден на позицијата генерален директор на Coca-Cola HBC за Србија и Црна Гора.„Ќе настојувам Пивара Скопје да го продолжи трендот на раст, фокусирајќи се на градењето доверба со купувачите, зголемувајќи ја љубовта на потрошувачите кон нашите брендови и обезбедувајќи натамошен одржлив развој и вложувања во заедницата“, истакна Јован Радосављевиќ, во својата прва изјава по стапувањето на функцијата генерален директор на Пивара Скопје.
Тој на оваа позиција доаѓа од местото комерцијален директор на Coca-Cola HBC во Романија, каде во изминатите три години, благодарение на неговото стратешко лидерство и конзистентен пристап во претворање на пазарните можности во позитивни резултати, компанијата оствари двоцифрен раст на продажба на Coca-Cola портфолиото и освои пазарен удел.
Успехот на Радосављевиќ и неговиот тим на пазарот во Романија се должи меѓудругото и на развојот на многу силен и способен комерцијален тим, што резултираше со натамошно јакнење на мотивацијата на вработените и целосна ориентација кон потребите на пазарот, што во крајна линија го поттикна задоволството од квалитетот на услугата и довербата.
Веднаш по дипломирањето на Економскиот факултет во Белград во 1998 година, Јован Радосављевиќ ја започнал својата кариера во Coca-Cola HBC во Србија, каде за 14 години ги поминал сите скалила на професионален развој во комерцијалниот сектор на компанијата. Како главен менаџер за продажба за Србија и Црна Гора, тој покажа силно лидерство, благодарение на што компанијата достигна исклучителни продажни резултати и континуитет во пазарните успеси.
Ваквите одлични резултати во досегашната кариера на Радосављевиќ, остварени во интернационалната средина на Coca-Cola HBC, во комбинација со искуството и автентичниот стил на управување со комплексни тимови, се дополнителна гаранција дека, под негово раководство, Пивара Скопје ќе продолжи со развојните планови и ќе ја задржи позиција на општествено одговорен ентитет.„Ќе настојувам Пивара Скопје да го продолжи трендот на раст, фокусирајќи се на градењето доверба со купувачите, зголемувајќи ја љубовта на по

Пронајдете не на следниве мрежи: