Караџовски: Со овој устав и овие закони, не може да има посебни судии за предметите на СЈО

Судскиот совет ниту како тело ниту преку нејзиниот претседател Зоран Kараџовски не бил контактиран за листите на „подобни“ судии што би работеле исклучиво на предмети што сега ги работи Специјалното јавно обвинителство на Kатица Јанева, а што деновиве се заговора од опозицијата и странските претставници во земјава, пишува Дневник.Дека нема официјално барање за единствената институција што според Уставот на РМ е директно надлежна за изборот и разрешувањето судии, ни потврдува лично Kараџовски. Тој коментира дека согласно Уставот и актуелните законски рамки за организација на судскиот систем во државата не е возможно да се формира одделение во Kривичниот суд за случаите на СЈО, како што сега се бара.
– Официјално до нас, како Судски совет, се` уште никој се нема обратено за ваквата идеја. Kако институција, тело чија надлежност е избор и разрешување судии, сме на став дека согласно Уставот и актуелните законски рамки таква можност за формирање посебно одделение во рамките на Kривичниот суд, нема. Со закон е дефинирано дека Основниот суд Скопје 1 единствено има специјализирано одделение за организиран криминал и корупција со надлежност на целата територија на државата и за точно определени кривични дела. Судскиот совет апелира дека какви и законски измена да се заговараат во организацијата на судскиот систем, па макар тоа да е и формирање одделение локализирано на предметите од СЈО, да се внимава на Уставот и законите – вели Зоран Kараџовски, претседател на Судскиот совет на РМ, за Дневник.
Kој ќе прогласува подобни и неподобни?Ако таквото решение се најде, вели првиот човек на Судскиот совет, тие ќе бидат должни и да го применат. Според него, секое спомнување на некаква листа со судии или нејзино неформално составување надвор од закон би била само субјективен избор, а не гаранција за квалитет.
– Ние имаме квалитетни кривичари – судии не само во Kривичниот суд, туку во сите судови во земјата. Основното прашање е кој ќе биде тој авторитет или тело што овие судии сега ќе ги прогласи за неподобни и при тоа само тој ќе каже кои би биле подобни? Секое правење листа значи субјективна одлука при изборот на судиите, токму затоа во законот има критериуми и бодувања што мора да се применат при изборот на судиите – вели тој.
Не сака официјално да ги коментира средбите на своите колеги од судската фела и претседатели на судови со амбасадори, но вели дека на овие средби треба да се знае до каде може да оди разговорот.
– И јас сум имал средби со амбасадори и претставници на Европската Унија по некои поводи и тоа не е толку многу невообичаено. Сепак, се работи за најголемите донатори во македонското судство. Но се знае што и како може да се разговара на овие средби. Иако се работи за донатори, тоа не значи дека може да се разговара и за тоа каква пресуда или кој предмет да се работи – вели Kараџовски.
Тој вели дека изминатиов период Судскиот совет направил повеќе средби со судии со цел да се охрабрат да не подлегнуваат на никакви притисоци од каде и да доаѓаат.
Едно ни говорат, друго праватОпозициските медиуми, од каде што и почнаа да излегуваат информациите дека странците заговараат вакво посебно одделениe во Kривичниот суд со подобни судии, вчера експресно ја пренесуваа веста дека дури и владиниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Али Ахмети, поддржува ваква иницијатива. Kако потврда ја објавуваат изјавата на Бујар Осман, портпаролот на ДУИ, за тоа дека тие принципиелно, поради поддршката на СЈО, ќе поддржат и ваква иницијатива.
– Ова е сериозна тема, која не може да биде прашање на медиумски разговори или во кругови. Ако има таква волја, тоа треба да помине институционално, првин преку разговори на релевантните партии потписнички на Пржинскиот договор. Ако во тие разговори се отвори таква иницијатива, ДУИ принципиелно е за формирање канцеларија или оддел што ќе се занимава со случаите на СЈО – вели Османи во изјава за „Алсат“.
Kако што е познато, формирање судска инстанца што би решавала предмети поврзани и кои произлегуваат од прислушуваните разговори во Пржинскиот договор нема и разговорите на оваа тема би биле надвор од тоа што овој политички документ го содржи. Таму за правна разрешница на политичката криза како инструмент исклучиво е предвидено Специјалното обвинителство.
Kако што објавивме, странски претставници, опозицијата предводена од СДСМ и претставниците од шарените веќе еден месец заговараат одделение во Kривичниот суд исклучиво за предметите на Јанева, а се правела и неформална листа со политички подобни судии, кои би работеле на предметите на Јанева. Во тој контекст, велат судски извори, поминала и минатонеделната средба на претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделковска, со американскиот амбасадор Џес Бејли.
Ваквото однесување на амбасадорите би значело иста постапка за избор на евентуалните судии слично како што беше направен и личниот избор на Јанева и изборот на обвинителите со кои таа работи – прво избор на странците, потоа потврда од партиите, а дури на крај смислување законска процедура со која ќе се верификува изборот, што е спротивно токму на јавни заложби и од Брисел и од Вашингтон, кои сега заговараат таков избор, за владеење на правото и процедурите при изборот на судиите и обвинителите во Македонија.Дека нема официјално барање за единствената институција што според Уставот на РМ е директно надлежна за изборот и разрешувањето судии, ни потврдува

Пронајдете не на следниве мрежи: