Каракамишева: Кривичната пријава на СДСМ против работата на Поп-Стефанија е кршење на Уставот

Европски и меѓународен стандард во судството е судиите да уживаат имунитет при постапувањето и работењето во судот, односно судијата да не може да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење и одлучување при донесувањето на судските одлуки е ставот на професорката на Правниот факултет Тања Каракамишева-Јовановска во врска со кривичната пријава на СДСМ за судијката Александра Поп-Стефанија.-Во оваа смисла е и нашиот Устав, кој во Амандман 27 на идентичен начин утврдува дека судијата не може да се повика на кривична одговорност за искажано мислење и за одлучување при донесувањето на судските одлуки. Овој стандард е дел и од европските и од меѓународните документи за заштита на независноста и самостојноста на судството, како што се, Основните принципи на ООН за независност на судството каде што стои дека „судиите треба да уживаат личен имунитет од поведување постапки против нив поради работата и извршувањето на судските функции“, образложува Каракамишева- Јовановска.
Според неа во овој контекст се и минималните стандарди за судската независност донесени во 1982 година од страна на Меѓународната асоцијација на судиите, во кои е утврдено дека „судијата ужива имунитет при преземањето на легалните дејствија, и дека судијата ужива имунитет при постапувањето и одлучувањето во конкретен предмет“.
-Исто така и принципите за независност на судството содржани во документот од Пекинг, кои одат во насока на независност на судството како институција која треба да има највисока вредност во секое општество. Имајќи ја предвид судската независност, судијата има право на имунитет како заштитен механизам од сите форми на политички и други видови влијанија и притисоци. Принципите за независност на меѓународното судство утврдени од страна на Меѓународната судска асоцијација одат и чекор понатаму наведувајќи дека „судиите уживаат имунитет еквивалентен на целосниот дипломатски имунитет, и посебно уживаат имунитет при извршувањето на судската функција“. Делот со дипломатскиот имунитет се однесува на меѓународните судови, односно на судиите кои работат во странски држави, и каде нивната работа директно е под влијание на интересите на странските држави, вели Каракамишева- Јовановска.
Според професорката по уставно право и политички систем на Правниот факултет, покрај амандман 27 од Уставот на РМ, прашањето за самостојноста и независноста на судството е прецизно уредена и во Законот за судовите каде јасно стои дека судијата одлучува непристрасно со примена на законот врз основа на слободна оцена на доказите, и дека се забранува секој облик на влијание врз независноста, непристрасноста и самостојноста на судијата во вршењето на судиската функција по кој било основ и од кој било субјект.
-Имајќи ги предвид овие стандарди, како и законските и уставните одредби во македонскиот систем, може да се заклучи дека поднесената кривична пријава на СДСМ против работата на судијката Александра Поп-Стефанија е директно кршење на Уставот на РМ, директна повреда на Законот за судовите и е во директна спротивност со европските и меѓународните стандарди за независност и самостојност на судовите и на судиите при вршењето на судската функција, потенцира Каракамишева- Јовановска.-Во оваа смисла е и нашиот Устав, кој во Амандман 27 на идентичен начин утврдува дека судијата не може да се повика на кривична одговорност за иска

Пронајдете не на следниве мрежи: