Каранфилов: Историја забранета за обични смртници

Официјалната историја се` уште не ги исправила големите грешки и тврдења дека Славјаните дошле на Балканот во V, VI и VII век.Некои клучни делови во светската историја треба да се менуваат зошто најновите епохални откритија никој не може да ги оспори. Најновите докази, кои се резултат на анализите врз пронајдени записи и артефакти, извршени со најсовремени научни методи, говорат дека Славјаните живееле на овие простори најмалку 10.000 години пред нашата ера. Овие најнови докази ќе ги оспорат многуте воспоставени теории и на многумина нема да им се допаднат и нема да бидат прифатени. Секако, дека први кои нема да ги прифатат се Грците, зошто со нив се урива целата измислена грчка историја.
Харвардскиот професор др. Анатолиј Кљосов, водечкиот светски научник од областа на генеологијата, поранешен професор на московскиот државен универзитет Ломоносов, на научна конференција одржана во септември 1912 г. во Белград, Србија, на која учествуваа повеќе академици, професори и научни работници, изнел еден интересен факт дека во руските школи се учи дека Славјаните се доселиле во Русија од просторите на Балканскиот Полуостров некаде во VII век, додека пак на Балканот се учи сосема спротивното, дека Славјаните се доселени на Балканот од зад Карпатите. Овој американски научник од руско потекло, тврди дека Русите се потомци на народот чија прататковина била на територијата на Србија, Босна, Црна Гора и Македонија!!!
Покрај истражувањата на проф. др. Анатолиј Кљосов, особени интересни се и истражувањата на италијанскиот физичар, астроном, историчар и лингвист др. Џанкарло Томецоли Тицијани, кој повеќе од 12 години работи во Европската канцеларија за патенти со седиште во Минхен. Тој е автор на научни откритија во историјата на лингвистиката, особено во дешифрирањето на натписите на венетската, сарматската и минојската древна цивилизација.
Српските медиуми пренесуваат дека д-р Џанкарло Томецоли смета дека Германците ја знаат историјата која е забранета за обичните смртници! Односно како што вели: „Секако дека ја знаат, кога нивните историчари во соработка со Ватикан се главните фалсификатори! Сега откако сакаат да излезат на топло море, на Јадран, полека ја пуштаат вистината на виделина…“
Роден во Верона, Италија, во венецијанската регија како и неговите прадедовци, што значи дека се длабоки неговите славјански корени, д-р Џанкарло Томецоли вели:
„Северот на Италија не го сочинуваат Италијани, туку Славјани – Венди, односно Венети, по кои и градот Венеција го носи и името! Приметив дека нашиот популарен италијански јазик не припаѓа на сегашните лингвистички латински корени… Значи приметив дека популарниот јазик со кој говориме не е италијански. Нашиот јазик е јазикот на Венетите. Студирав и проучував од каде ваквите разлики, меѓу народниот јазик и тој кој се користи во научните, црковно-латински кругови. Подоцна со анализа, листајќи ги актите, записите, истражувајќи ги на терен и обидувајќи се да ги дешифрирам старите натписи на надгробните плочи и древните историски споменици и предмети сфатив дека италијанскиот јазик е создаден, формиран, обликуван во 1.500 година, а јазикот венето или на народот на Венетите многу постар. Всушност, приметив, истражувајќи, дека во Венеција постои една популација која се нарекува Венети. Тие говореа и од секогаш пишуваа со едно писмо и јазик кој е различен од латинскиот јазик“.
Иако, официјалниот став на италијанските научници е дека венето јазикот е близок со латинскиот јазик, како што вели д-р Томецоли, „јас сфатив дека во стариот јазик венето има нешто интересно, дека пишуваа текстови, пораки, пофалби, дародавници така што не ги делеа зборовите. Разгледувајќи ги тие испишани реченици, …анализирајќи ги тие натписи приметив дека јазикот на Венетите немал никаква врска со латинскиот, ниту пак со коренот на латинскиот јазик. Дојдов до сознание дека венетските зборови имаат неверојатна сличност со славјанскиот јазик. Или со јазикот на славјанските народи“.
Д-р Томецоли со години се обидувал да преведе цели редови на венето реченици и да ја разбере нивната смисла. Но, додека се обидувал тоа да го направи со помош на италијанскиот или латинскиот јазик тоа било невозможно. Првите успеси ги постигна кога започна да преведува со помош на старите венето изрази, зборови, а пред се` со славјанскиот јазик и писмо. Најдобар бил преводот кога венето го толкувал со славјанските зборови и јазик.
Набрзо по придружувањето во истражувачка работа на Амброзич од САД, двајцата успеваат да ги преведат најдолгите реченици, натписи на јазикот на Венетите. Направиле комплетен превод на тоа што го пронашле на јазикот на венето. Додека тие во целост ги превеле и разбрале древните записи, италијанската официјална наука не се придвижила напред со децении. Едноставно таа „превела неколку зборови, кои немаат никаков смисол“. Тоа што тие го превеле како делба, всушност се работи за венетска молитва“, вели италијанскиот научник.
Денес Италијаните полека разбираат кои беа Венетите. Како што д-р Томецоли вели: „Славјаните живееле во источна и јужна Европа уште во времето на палеолитот. Што значи дека Славјаните живееа и имаа своја култура на Балканот и во Европа, најмалку 10.000 години пред нашата ера. …Тоа што со сигурност можам да кажам е дека Венетите говореле со протославјански јазик. Венетите не беа мал народ. За тоа сведочат бројни споменици, кои ги надживејаа сите времиња, постари се и од римските или старогрчките“.

Овие зборови на познатиот и признат европски и италијански научник, др. Џанкарло Томецоли, за нас Мкедонците, како и за другите балкански народи е многу интересен, зошто зборуваат многу и недвосмислено докажуваат дека Венетите се наши претци кои на овие простори живеат најмалку 12.000 години.
Во тој контекст, како аргумент тој ги наведува и „античките народи кои ги спомнуваат Венетите уште од времето на Хомер, па така името на ова племе ќе се врзува и за херојот на Тројанската војна Енеј, потоа за царскиот род Дардан уште во „Илијадата“. …Венетите ги спомнува и Херодот во својата „Историја“ и нивниот приморски град Енеј во Македонија…“
Др. Џанкарло Томецоли смета дека „за истражувањето на Венетите од голема важност се Етрурците (Расени) во современиот регион на Италија, а етрурските натписи можат многу работи да појаснат и да ги поврзат. Венетскиот јазик официјалната наука денес го признава за индоевропски, иако го става нешто на понастрана од оваа фамилија на јазици. Венетските текстови имаат општи карактеристики на балеобалканската писменост, на што обрна внимание Матеја Бор, а кај двата јазика може да има заеднички корени од времето на Пелазгите“.
Оттука се интересни и истражувањата со бугарскиот лингвист др. Павел Серафимов за Минојската цивилизација на Крит. Тие заедно работеа на превод на пет записи од Минојската култура. За овие истражувања др. Томецоли вели:
„На научниците тогаш не им беше познато на кој јазик или јазици биле испишани предметите, записите, таблиците, спомениците. Науката претпоставуваше дека во прашање е еден од старогрчките дијалекти. Меѓутоа, кога се обидоа да ги преведат древните текстови користејќи го старогрчкиот, преводите беа неуспешни, или да биде појасно, преводите немаа никаква смисла. Другите истражувачи, лингвисти се обидоа да преведуваат користејќи го знаењето на феничанскиот јазик. Тоа што беше главен мотив за да се впуштам во доследно докажување дека е во прашање старославјанскиот јазик е фактот дека и оваа група на научници дојде до уште побезмислен превод на минојските таблици испишани со древно непознато писмо. Тие никогаш не се обидоа во преводот на ова писмо да го користат славјанскиот. Повеќе се користеа со хетитски, старогрчки, феничански, хебрејски… Кога со Серафимов ги преведовме петте текста, тогаш научниците прашаа како е можно клучот на древните преводи да се наоѓа во јазикот кој славјаните го користеа неколку милениуми пред нашата ера, а најмалку 1.700 години пред нашата ера“!
Др. Томецоли заклучува дека со нивното знаење, неговите колеги научници и академици, не можеле да го направат преводот, особено, кога тие се држеа со теоријата дека Славјаните дошле на Балканот во петиот и шетиот век. Како што потоа тој вели:
„Според лингвистичката теорија на континуитетот, Славјаните живееле и егизстирале во источниот и јужниот дел на Европа уште во времето на палеолитот. Што значи, Славјаните во Европа, на Балканот постоеја, живеела нивната култура, најмалку 10.000 години пред нашата ера…“ Протославјаните живееле на Крит! Така говорат најновите истражувања“.
По извршените преводи, официјалната западна наука малку се повлече и се` уште не може да поверува. Најмалку Грците можат да го сфатат овој факт, ниту пак нивниот желудник може да ги сфари најновите докази дека се дојденци на овој простор. Но, како што вели италијанскиот научник:
„Немаат научни аргументи со кои можат да ги оспорат нашите тези, докази и да ја побијат нашата теорија. Зошто? Како е можно скоро целосно да се преведат старите записи, кои современата наука ги прифаќа, и тоа со помош на старославјанскиот јазик, ако тоа не го пишуваа самите протославјани!? Таа популација, говорела со минојскославјанскиот јазик. Од каде се родила минојската култура? Одговорот се наметнува сам по себе! Затоа е можно денес со сигурност да се каже дека на Крит постоела популација која говорела протославјански. Така ние ги направивме успешно сите наши преводи“.А овие праславјански јазици денес живеат во македонскиот, српскиот, рускиот, чешкиот, полскиот…“
На крајот д-р Џанкарло Томецоли Тицијани го потенцира и следното:
„Во својата работа на Теоријата за палеолитски континуиетет, нашиот прочуен професор Марио Алинеи објаснува дека тврдењето за доцното појавување на Славјаните во Европа апсолутно апсурдна и мора да се замени со сценариото за непрекинато славјанско присуство во Европа од епохата на палеолитот. На тој начин може да се објасни демографскиот раст и географската распространетост на Славјаните, што претставува резултат на извонредниот успех на непрекинатоста и стабилнаоста на неолитските култури во Југоисточна Европа“.
Тихомир КаранфиловНекои клучни делови во светската историја треба да се менуваат зошто најновите епохални отк

Пронајдете не на следниве мрежи: