Кој ги праќа мигрантите баш во Европа?

Стравот од порастот на насилството и тероризмот раѓа теории кои почиваат на прашањата: од каде баш толку мигранти кога конфликтите на Блискиот исток траат со децении и кој ги наведува да итаат баш кон Европа?Блискоисточните земји некогаш беа спас едни за други. На пример, кога нешто би се случило во Либан, луѓето би заминувале во Либија или Сирија… Сега е навистина тешко да се најде земја на Блискиот исток која би била стабилна и е во можност финансиски да издржи доаѓање на голем број бегалци.
Европа – рај за азиланти
Европа во огромна мера е крајна дестинација не само поради релативната географска близина, туку и поради тоа што има најлиберална политика кога станува збор за азилантите.
„Европа е еден вид на природен завршеток на нивниот пат. Таа е најлиберална – прима, храни, дава месечен износ. Америка е далеку. Тука е океанот, превозот е прескап. Слично важи и за Русија, Кина…“ – објаснува Драган Симеуновиќ за Спутникњуз.
Моќните земји од тој регион, како што се Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, се многу затворени, а некои од нив во војните на Блискиот исток учествуваат на страната на САД, бомбардирајќи ја Сирија и деловите од другите земји.
„Тие земји често се третираат како непријателски во очите на бегалците“ – вели Симеуновиќ.
Истовремено, мигрантите итаат кон Европа, додека сѐ уште постои како „рај за азилантите“.
„Богатите европски земји почнаа да ја напуштаат политиката на тн. држави на благосостојба. Стравот од тоа дека би можеле да задоцнат и да останат без голем износ на социјална помош, исто така е важен мотивирачки фактор“ – напоменува Симеуновиќ.
Балканот плаќа за туѓите воени игри
Балканот не им е интересен на жителите на Блискиот исток, бидејќи не можат да сметаат на социјална помош или на работа.
„Сепак, Европа се обидува да ги задржи што е можно подолго, ако не и засекогаш на овие простори. Надвор од Европската унија. Големите економски трошоци поради мигрантите се обидува да им ги префрли земјите кои ги поминуваат попат“ – наведува Симеуновиќ, предупредувајќи дека трајното задржување на големиот број миранти во балканските земји би го зголемил ризикот од насилство и тероризам на ова подрачје.
„Тоа би било трагично за нас, бидејќи тие на нашите простори неминовно би се криминализирале за да имаат од што да живеат. Голем дел од тие луѓе некогаш биле борци и би можеле да заработуваат работејќи за терористички и екстремистички организации, чија работа е да убиваат“ – стравува тој.Блискоисточните земји некогаш беа спас едни за други. На пример, кога нешто би се случило во Либан, луѓето би заминувале во Либија или Сирија… Се

Пронајдете не на следниве мрежи: