Која е таа Дуња Мијатовиќ?!

Двата звучни британски весника воопшто не слушнале, ниту се заинтересирани за изјавите и функцијата на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите. Во изјава за „Дневник“ оттаму искоментираа дека им значи поддршката од медиумите во светот против одлуката на Kамерон да ја контролира нивната работа, но, за жал, немаат поим која е конкретната госпоѓа, која за „репресираните“ македонски новинари е икона„Прв пат слушаме за таа личност!“ Ваков одговор ни даде портпаролот на британската медиумска групација чија сопственост се весниците „Сан“ и „Тајмс“ на нашето прашање адресирано до неколку влијателни весници: „Дали ја знаат или некогаш слушнале за Дуња Мијатовиќ?“. Во телефонскиот разговор, портпаролката неколкупати се обиде да ~ го изговори името, но безуспешно. Сакаше да знае која е жената и зошто бараме изјава, па откако ~ објаснивме дека станува збор за претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, која минатата недела кусо реагира во врска со одлуката на британската влада да се формира регулаторно тело што ќе ги контролира медиумите во земјата, само искоментира:
– Kако и да е, за нас е добредојдена поддршката од сите интернационални медиуми во интерес на слободата на британскиот печат.
Таа го задржа правото на нејзината корпорација да не се претстави, објаснувајќи ни дека такви им биле правилата за комуникација, но сеедно. Двата звучни британски весника воопшто не слушнале, ниту се заинтересирани за изјавите и функцијата на Дуња Мијатовиќ, околу која во Македонија „се потресуваме“.
Инаку, специјалното парламентарно тело, Тајниот совет, во средата попладнето го доби благословот од кралицата Елизабета Втора за уредбата со која ќе се формира регулаторно тело за мониторинг на печатените медиуми во Велика Британиjа. Зад оваа одлука застанаа трите највлијателни партии во земјата, останува да се види како ќе се имплементира. За одлуката млака реакција имаше и Мијатовиќ, па сакавме да видиме колку британките медиуми се воодушевени од поддржувачката од ОБСЕ.
Селективни реакции и двојни аршини
И додека во Велика Британија е непозната личност, македонската јавност има можност во последно време, особено со актуелниот случај со новинарот Томислав Kежаровски, зачестено да ги слуша нејзините критики за „цензура во македонските медиуми“. За разлика од апелот до британските власти, кој е умерен и без значителни критики, пораките што неколкупати се испратени до властите во Македонија се дијаметрално спротивни. Затоа одлучивме директно да поставиме неколку прашања:
-Дали г-ѓа Мијатовиќ има намера да го посети Обединетото Kралство, да се сретне со премиерот Дејвид Kамерон или со други владини претставници и отворено да разговара дека со формирање регулаторно тело за мониторинг на печатените медиуми се врши притисок врс слободата на новинарското перо? Kои конкретни мерки ќе ги преземе за заштита на британските новинари од владина контрола? Нејзиниот став е јасен и дециден кога станува збор за слободата на изразување во Македонија, колку може да влијае врз состојбата во Велика Британија за истото прашање?
Овие три барања електронски ги испративме во нејзината канцеларија во седиштето на ОБСЕ во Виена.

Прашања без одговор
Нејзините гласноговорници најпрво ни одговорија оти таа не е достапна за коментар, бидејќи е на пат и нема да биде во Виена ни следниот ден, по што н` упатија сите одговори да ги бараме листајќи ги нејзините изјави и официјални соопштенија објавени на интернет-страницата на ОБСЕ. Иако очекувавме барем приближно објаснување од оваа организација со транспарентен имиџ, напротив не ни понудија ни друга опција.
– Таа нема да биде во Виена. Но ако ги прочитате сите изјави од г-ѓа Мијатовиќ, сигурен сум дека ќе најдете соодветен одговор на вашите прашања – ни порача Гунар Вранг, советник во нејзината канцеларија во Виена.
Во последното соопштение објавено на интернет-страницата на ОБСЕ од 30 октомври, стои нејзината изјава во која, за воведувањето регулација за британскиот печат нагласува дека „политичарите не треба да им кажуваат на новинарите како да дејствуваат и оти самоконтролата на новинарите, а не владината е најдобриот начин да се сфатат етичките проблеми во печатот“. Ниту во едно соопштение не стои одговор на прашањето дали Мијатовиќ има намера да се сретне со Kамерон и како претставник на ОБСЕ да се обиде да ги заштити британските новинари.
НИ ЗА ДОБРО НИ ЗА ЛОШО
НИКОЈ НЕ ЈА ПРЕНЕСЕ РЕАКЦИЈАТА НА МИЈАТОВИЌ
Интересно е и што ниту еден весник или друг медиум во Велика Британија не ја пренесе нејзината порака по повод последните настани во земја. И додека има само една информација посветена на новонастаната состојба со британските новинари, на страницата на ОБСЕ се најмалку три соопштенија во кои Мијатовиќ потенцира дека апсењето на Kежаровски, држењето во притвор и затворката казна испраќаат „јасна порака за цензура за сите други новинари во земјата“. Реториката со која реагира за состојбата во Македонија е комплетно различна од таа во последната порака упатена до Велика Британија, која гласи дека „Велика Британија со векови е лидер во слободата на медиумите. Би требало да продолжи така наместо да се враќа назад“. Реакција нема ни за тоа кога британските служби упаднаа во „Гардијан“.
Извор: Дневник„Прв пат слушаме за таа личност!“ Ваков одговор ни даде портпаролот на британската медиумска групација чиј

Пронајдете не на следниве мрежи: