Мајчинството ме направи анорексична!

Луѓето секогаш ми зборуваа дека добро ми оди во животот. Но, не беше баш така…Никогаш не спаѓав во оние луѓе кои бараат утеха во храната кога работите ќе тргнат на лошо. Секогаш кога ќе се соочував со тежок период, јадев помалку или воопшто не јадев.
Во моите рани 20-ти, станав самохрана мајка, која навидум беше совршена, без оглед на тоа што имав дете со аутизам. Завршив факултет, се вработив и купив куќа. И во љубовта ми одеше. Луѓето секогаш ми се восхитуваа како добро се држам и покрај тоа што растев дете со аутизам.
Но, тие не знаеа дека всушност не сум добра. Животот ми беше пекол. Бев преплавена со обврски, и поради тоа често ги занемарував дневните оброци. Со растењето на стресот, полека почнав да се лишам од многу јадења. На почетокот тоа беа благи, па грицки, за на крај до цели оброци. За кратко време станав анорексична!
Се прашувате зошто го правев тоа? Бидејќи ми даваше контрола врз животот. Како млада мајка со толку многу обрски, морав на некој начин да почувствувам дека можам нешто да контролирам. Тоа нешто беше храната. Методот на лишувње од храна, ми даваше лажно чувство на исполнетост. Успевав да јадам само по едно перече дневно.

Сета облека ми беше широка, станав многу нервозна. Цело време бев уморна, имав вртоглавици. Цело време се грижев некој да не дознае за мојата срамна навика. Не барав помош. Помошта за мене означуваше слабост и неспособност да се справам со контролата.
За среќа, се обратив кај психолог. Таа знаеше за мојот проблем и за кратко време ме препорача во клиника за луѓе со нарушени навики во исхраната.
Го продолжив животот како вообичаено. Секое утро ја носев ќерка ми во училиште, но наместо да одам на работа одев во клиниката. Деновите ми беа исполнети со групни терапии. Научив многу за себеси и што ме доведе до мојот избор за да го одберам изгладнувањето како метот за справување со проблемите.
По два месеци, бев подготвена да ја напуштам терапијата. Научив дека има други здрави начини за да се справувам со проблемите во животот. Анорексијата го напушти мојот живот.
Денес, ми е срам да кажам дека сум дозволила да станам анорексична. И нека ова биде пример за сите млади мајки и девојки кои се под стрес и го менуваат здравиот начин на исхрана.
Најбитно е да се грижите за сопственото здравје!Никогаш не спаѓав во оние луѓе кои бараат утеха во храната кога работите ќе тргнат на лошо. Секогаш кога ќе се соочував со тежок период, јадев пома

Пронајдете не на следниве мрежи: