Надгробен споменик кој сведочи за македонската трагедија

Збиените редови на овој надгробен споменик ја покажува сета македонска трагедија од почетокот на 20-тиот век, падот на османлиското царство, Балканските војни и Првата светска војна, трагедија чии што последици Македонците ги чувствуваат и денеска.„Тука почива Лисковски Петко;
р. 1882 – у.1970
турски војник од 1910-1912
српски војник од 1914-1915
бугарски војник од 1916-1918“
Голем дел од македонското население биле мобилизирани од окупаторите кои Македонија и Македонците ги сметале за воен плен. Се случувало најблиски роднини, вклучително и браќа, да носат различни униформи, да се борат едни против други и да гинат за туѓи интереси.  Споменикот пак покажува дека многумина морале да ги менуваат униформите и да се борат за оние интереси кои ја освоиле македонската територија. Ваквите споменици сведочат за фактите кои историчарите се обиделе да ги сокријат. Покрај турската, српската и бугарската, македонците биле приморани да носат и грчка воена униформа.
Пред започнувањето на Првата светска војна Македонија била поделена на три дела, а македонскиот народ се наоѓал под власта на Србија, Бугарија и Грција. По започнувањето на Првата светска војна сите три држави извршиле мобилизација на население од Македонија во своите војски, при што биле мобилизирани околу 200 илјади луѓе – во српската околу 50 илјади, во бугарската околу 120 илјади и во грчката околу 20 илјади души.
Во почетокот на Првата балканска војна во Македонија биле формирани два четнички одреди, Козјачкиот со 11 чети и Прекувардарскиот со 16 чети, кои биле под српската Врховна команда
На 17 септември 1912 година, бугарската влада објавила сеопшта мобилизација, кога биле мобилизирани Македонци од разни места.
Во турската војска, исто така, имало македонско население, особено во редифските, т.е. во резервните формации.
Српските, бугарските и грчките историчари го прикривале учеството на македонскиот народ во Балканските војни, неговата воена помош и успеси. Овие чети ги нарекувале српски, бугарски, односно грчки.„Тука почива Лисковски Петко;
р. 1882 – у.1970
турски војник од 1910-1912
српски војник од 1914-1915
бу

Пронајдете не на следниве мрежи: