Научна дилема: Дали времето воопшто постои?

Според теоријата на д-р Бредфорд Скоу, кој предава филозофија на Технолошкиот универзитет во Масачусетс, кога би биле во можност да ја видиме димензијата на времето во вселената, би виделе дека тоа би се ширело во сите правци и на ист начин на кој го гледаме и просторот.„Старата изрека која вели дека времето е како река, што значи дека со него се движиме како брод по вода, веројатно е погрешна“, вели еден научник. Новата теорија значи дека времето не оди напред, туку дека сѐ се наоѓа во времето и дека засекогаш е присутно, пишува Daily Mail.
Според таа теорија, кога би можеле да ја видиме димензијата на времето во вселената, тоа веројатно би се ширело во сите правци и на ист начин на кој го гледаме и просторот. Интригантната теорија ја изложи д-р Бредфорд Скоу.
Во новата книга „Objective Becoming“, тој испитува неколку теории кои досега се користени за да го објаснат времето.
„Кога ги прашувате луѓето да ви кажат нешто за текот на времето, тие обично употребуваат некоја метафора. Велат дека времето тече како река или дека низ него се движиме како брод по вода“, вели тој.
Според една од теориите кои тој ги анализирал, сегашноста е точка која се движи од минатото кон иднината. Скоу смета дека нема доволен број добри аргументи за таква теорија.
Тој вели дека според неговото гледиште, минатото, сегашноста и иднината веќе постојат во вселената. Скоу смета дека настаните не исчезнуваат засекогаш, туку постојат во различни делови во просторот – време.
Во декември минатата година, научниците објавија студија за Големиот прасок, како момент во кој е создадена вселената која во однос на нашиот универзум се однесува како слика во огледало и се движи во спротивен простор низ времето.„Старата изрека која вели дека времето е како река, што значи дека со него се движиме како брод по вода, веројатно е погрешна“, вели ед

Пронајдете не на следниве мрежи: