Парализа, чувство дека паѓате, секс во сон: Ако памтите што се случува додека спиете, веќе нема да сакате да си легнете!

Ако имате среќа, спиењето најчесто е незабележителен настан. Но од време на време, се случуваат бизарни настани, што може да ве извадат од памет. Не грижете се, сепак тие се вообичаени кај многу луѓе.Еве што велат научниците за најчестите процеси што се одвиваат додека спиеме:
-Чувство дека паѓаме: Ова најчесто се случува кога заспиваме. Кога спиеме, вообичаено телото е парализирано, но некогаш може да почнете да сонувате уште пред телото да се „исклучи“. Во ваквите моменти, може да реагирате на некој сон како на пример да паѓате, или се сопнувате. Истражувачите не се сигурни зошто сите го сонуваме сонот како паѓаме. „Знаеме само дека се случува кога сме уморни, ненаспани или под стрес“, вели др.Кристофер Винтер, директор на Центарот за сон при болницата Марта Џеферсон во Вирџинија. „Мозокот поагресивно навлегува во циклусите на сон, додека пак, телото уште не е стигнато во таа фаза“, вели тој.
-Парализа во сон: Започнувате да се будите наутро и сфаќате дека не можете ниту да зборувате ниту да мрднете. Може да трае од неколку секунди до неколку минути, и е целосно застрашувачки. Ова е спротивна состојба на онаа во која паѓаме во сон: Во ваквиот случај, мозокот се буди пред да заврши парализата што го придружува длабокиот сон. Др. Винтер вели: „Чувствувате дека не можете да дишете. Многу луѓе го опишуваат чувството како да им седи слон на градите. Тоа е заради тоа што се уште се парализирани мускулите што го контролираат дишењето, со исклучок на дијафрагмата.
-Одење во сон: Повеќето вакви искуства не се страшни. Но, месечарењето може да биде опасно, бидејќи може да се сопнете, да налетате на нешто, да ја напуштите куќата, па дури и да влезете во кола и да возите. Најбизарните искуства со кои се соочил др. Винтер на Институтот вклучуваат готвење, јадење, па дури и возење. Ова се случува бидејќи дури и ако се разбудиме ноќе, мозокот е несвесен. Ваквите искуства се доживуваат и како резултат на земање на некои лекови, најчесто против спиење, па затоа, разговарајте со лекар ако се сомневате во несаканите ефекти на некој лек.
-Зборување во сон: Околу 5% од возрасните зборуваат во сон, според Академијата за Медицина и сон во САД. Најчесто се зборува околу 30 секунди. „Оваа појава најчесто се случува во првиот час или два по заспивањето, кога мозокот се уште влегува во подлабок сон, а мускулите се уште не се доволно опуштени“, вели др. Винтер.

-Соништа што се повторуваат: „Сонувањето е начин мозокот да ги сортира нештата што сака да ги преиспита пред да ги складира како сеќавања“, вели Винтер. Соништата што се повторуваат може да се нерешени психолошки проблеми што мозокот се обидува да ги реши. Тие најчесто се случуваат во реалноста. „Ако ве ограбиле во супермаркет, може да го повторувате тоа во соништата се додека не се помирите со настанот, а ако сте биле до супермаркет и сте купиле леб и млеко, мозокот веднаш ќе го процесира и надмине настанот“, додава др.Винтер.
-Секс во сон: Не сте единствени што се будат насред сексуалниот чин. Во едно истражување кое опфатило над 800 пациенти во центарот за борба против пореметувањата во спиењето, се покажало дека околу 8% од пациентите страдаат од сексомнија, односно започнување на секс во сон. „Во моето искуство со пациентите, ставовите, однесувањето и работите што луѓето ги кажуваат за време на „сексот во сон“ често се различни од она што го кажуваат и прават кога се будни“, вели Винтер.
Овој феномен се нарекува парасомнија и е сличен на месечарењето: излегуваме од длабок сон за да се движиме и да зборуваме, но мозокот не е доволно буден за целосно да се освестиме. „Многу луѓе имаат далечно сеќавање на тоа што се случило во сонот во кој сонувале секс“, вели Винтер. „Можно е да се сонува секс ако сте легнале со желба за секс“.
-Синдром на експлозија во главата: Подеднакво е страшно како што звучи. „Наеднаш, личноста се буди слушајќи силен звук, како експлозија, блесок од светлина, или чувство дека главата им експлодира. Но, во реалноста, ништо не се случува“, вели Винтер. Полека тонете во длабокиот сон, но телото се уште не ја постигнало парализата и чувствата се уште ви се вклучени.Еве што велат научниците за најчестите процеси што се одвиваат додека спиеме:
-Чувство дека паѓаме: Ова најчесто се случув

Пронајдете не на следниве мрежи: