По СОРОС, Путин ја протера и Олбрајт од Русија

Рускиот обвинител оценил дека активностите на НДИ (Националниот Демократски Институт) со кој раководи Меделин Олбрајт „претставува закана по самите основи на уставниот поредок на Руската Федерацијаи  сигурноста на државата“.Државниот обвинител на Русија ја прогласил американската невладина организација НДИ како  непосакувана на територијата на целата држава.
Забрананата за делување на територијата на Русија уследила  затоа што НДИ директно ја „обработувал“ руската прозападна опозиција и  ги потпомагал нејзините најпроблематични акции.
Рускиот обвинител оцеил дека  активностите на НДИ претставуваат „закана по  самите основи  на уставниот поредок на Руската Федерација и  сигурноста на државата“.
Обвинителот во  авојата одлука го известил Министерството  за правосудство дека НДИ  би  ја вклучил во листата на странски невладини организациии чии активности  се непосакувани  на територијата на Русија.
Во јули минатата година Советот на Федерацијата на иницијатива на својот Комитет за меѓународи работи составил список на непосакувани невладини организациии  на која се нашла и  НДИ.
На истиот список се: Фонд Сорос, Национален фонд за демократија, Меѓународен републикански институт, Фонд МекАртур, Фридом Хаус, Фонд Чарлс Стив Мот, Фонд „Образоваие за демократија“, Источноевропски демократски центар, светски конгрес на Украинци, Украински светски координациски совет и  Кримска мисија за човекови права.
НДИ  е основана во 1983 година со прокламирана задача да „шири демократија во земјите во развој“. Меѓу  таквите земји  по распадот на СССР била вброена и  Русија , заедно со  останатите постсоветски држави.
Поранешниот американски велепратеник во Русија, Мајкл Мекфаул, кој  се прогласил себеси  за „специјалист по  демократија, антидиктаторски движења и  револуции“, до  доаѓањето на чело на дипломатската мисија на САД во Русија со  години бил консултант на НДИ во Москва.
По повод затворањето на вратите на понатамошното  делување  на нејзиниот  фонд, во  Москва посебно  било  нагласено дека Олбрајт била на чело на Стејт департментот во време на НАТО  агресијата на Југославија и  дека била нејзин главен иницијатор.
„НДИ  е формирана од страна на  САД. Се финансира преку фондот за демократија, кој повторно е финансиран од страна на САД преку владината Агенција на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Министерството  за надворешни работи на Русија, коментирајќи го откажувањето  на работата на руската подружница на Агенцијата на САД за меѓународен развој во 2012 оцени: Агенцијата се обидуваше да влијае на политичките процеси внатре во Русија“.
„Националниот демократски институт тесно  е поврзан со Демократската партија. На Ист  начин Меѓународниот републикански институт е под покровителство на Републиканската партија. Агенцијата на САД за меѓународен развој ги  насочува парите предку  НДИ и ИРИ, а потоа тие средства  во вид на грантови  ги  добиваат  НВО во различни  земји“.
НДИ  одржува врски со  меѓународните политички  асоцијации како  Социјалистичките интернационали, центристичките демократски  интернационали и  Либералните интернационали.
Додека била моќна во Русија ( помеѓу 1992- 1996), НДИ организирала тренинзи за представници на руски политички партии  Демократски избор на Русија и  Јаблоко.
 Има индиции дека НДИ била , а можеби и понтаму, главен политички пиар консултант на рускиот опозиционер Михаил Касјанов.
„Ширење на демократија“ во  Украина, кое се заврши со  Еуромајден и  државен преврат во 2014 година, не минал без потпора на НЕД-  структура која непосредно ја финансира НДИ.
Според непотполни податоци, НЕД од 2011-2014, со украински НВО дала, ни помалку  ни повеќе  туку  14 милиони долари. Активна улога во случувањата на киевскиот Мајдан имал и институтот за масовни медиуми кој  функционира во  состав на НЕД.
Член на експертскиот совет  на московскиот Институт за социјално- економски  и политички студии Алексеј Зудин се проценува дека е потег на рускиот  државен обвинител „дел од тредот  да се заштити руското  политичко поле од дестабилизирачкото влијание од надвор“.
Активностите на НДИ  и  сличните организации добро  се вклопува во концептот  на мека сила која подразбира влијание на умовите кое потоа се претвора во  одредени политички акции“.
 Олбрајт во итервју рекла дека смртта на 500.000  деца од Ирак е оправдана акција
Во  текот на интервјуто  во емисијата „60 минути“ во 1996  година, Олбрајт, која  била велепратеник во Обединетите нации, неславно сугерирала дека 500.000 мртви деца од Ирак поради санкциите на ОН била цената која вредело да се плати.
„Слушнавме дека умреле половина милион деца. Мислам дека  тоа се повеќе деца кои починале во Хирошима. И, знаете, дали  е тоа цена која се исплаќа?“, прашала новинарката
„Мислам дека цената се исплаќа“, одговорила ОлбрајтДржавниот обвинител на Русија ја прогласил американската невладина организација НДИ како  непосакувана на територијата на целата држава.

Пронајдете не на следниве мрежи: