Посетете ја Црна Гора и уверете се во нејзините неверојатни убавини

Loading...

Она што на прв поглед се чинеше дека ќе биде ноќна мора, се претвори во чудесна авантура. Кога Дамир Петковски од Бор беше повикан да ја посети Црна Гора  во улога на блогер, тој не ни сонуваше дека во тек на својот престој во таа држава ќе има можност да помине и низ кањонот Невидио, едно од оние места кои често се опишуваат како тешко или барем потешко освоиви.
Неретко, за кањонот Невидио ќе прочитате дека станува збор за „место за алпинисти и за оние кои сакаат да ги тестираат своите можности“.
Oвој кањон за  првпат го поминаа членовите на ПСД „Јаворак“ од Никшиќ, во 1965 година. Денес, поминувањето низ овој кањон, кој го нарекуваат уште и Невидбог, е дел од постојаната туристичка понуда на Црна Гора.
Меѓутоа, ако се има предвид дека на некои места кањонот е широк не повеќе од еден метар, некои негови делови се поминуваат само со помош на алпинистичка опрема додека на некои места морате да скокате во вода од карпи високи и по неколку метри, притоа ако сте непливач – тешко дека би ви паднало на ум да се впуштите во освојување на овој кањон. А токму тоа  го стори летоска Дамир Петковски!
„За мене како непливач, тоа попрво беше ноќна мора! Барем така мислев пред да влезам во кањонот. Откако излегов, можам да кажам дека ова беше чудесно искуство. Можеби делува малку чудно, некој кој е тотален непливач како мене, а покрај тоа уште и има страв од вода, воопшто да реши да влезе во кањон во кој на некои места водата достигнува и по неколку метри длабочина. Покрај тоа, треба и да се скока во вода од карпи високи по неколку метри, што за непливачи воопшто не е пријатно“, запиша  за својата авантура, на страницата www.izmedjuplaninaimora.com,  ова 25-годишно момче од Бор кое живее и работи во Белград во агенција за интернет маркетинг (MWEB).
 

 

Кањонот Невидио се наоѓа во централниот дел на Црна Гора, на еден час возење од Никшиќ. Низ кањонот поминува планинската река Комарница. За да се помине низ Невидио, кој има должина од 2.700 метри, потребни се околу три часа.
За освојување на кањонот Невидио, Дамир го препорачува тимот на Montenegro Canyoning, кој го водат Марко и Милош Блечиќ, алпинисти и членови на Горската служба за спасување.
Не му одеше баш сé како подмачкано на Петковски додека поминуваше низ кањонот Невидио – имаше тука малку и голтање вода, бидејќи мораше да скока од карпи високи неколку метри. Сепак, вели, тоа не е ништо во споредба со чувството дека го совладал кањонот од кој се плашел.
Уште еден сјаен кањон кој не би требало да го пропуштите е оној на Мртвица, еден од најубавите кањони на бивша Југославија. Кањонот е сокриен во подножјето на планината Маганик, се наоѓа на 30 км од Колашин во правец на Подгорица, во селото Меѓуречје.
Низ кањонот води обележена пешачка патека во должина од 12,5 км. Посебна атракција претставуваат изворите Бијели нерини и неверојатната патека врежана во карпата.
На Мртвица, кај Зелен вир, се наоѓа стар камен мост кој кнезот Данило го подигнал  во знак на сеќавање на својата мајка.
На црногорскиот север моожете одлично да си поминете  и при посетата на мостот на Ѓурѓевиќи на Тара -навистина не со времетраење од 3 часа.
 
Мостот е граден 1938  до 1940 година, а кога е довршен, бил најголемиот друмски мост од армиран бетон во Европа и еден од неколкуте најубави сообраќајни објекти од овој вид во светот. Мостот има пет лаци, најголемиот  е со распон од 116 метри, а под себе понор од 115 метри. Во тек на Втората светска војна, за да го спречат преминувањето на непријателските единици во Црна Гора, партизаните  срушиле еден лак од мостот. Задачата ја извршил градежниот инженер Лазар Јауковиќ, кој учествувал и во изградбата на мостот. Тогаш е срушена конструкцијата на последниот мал лачен отвор во должина од 44 метри, додека останатите делови од мостот останале неоштетени. Јауковиќ бил фатен од Италијаните и стрелан на мостот. Народот од дурмиторскиот крај, во знак на сеќавање, му подигнал споменик во близина на мостот каде што е и закопан. Мостот е саниран во 1946 година.
За тој мост е снимен и долгометражен игран филм – „Мост“, кој и ден денес се прикажува во некои од кината во НР Кина. Иако смаиот по себе е атракција, во тек на последните години до денес на туристите кои неуморно го сликаат и фотографираат, во околината на мостот им се нудат и дополнителни содржини.
Пред три години над 150 метри високиот лак на мостот на Тара  е поставена банџи платформа . Скоковите со помош на еластично јаже, од највискиот лак на мостот на Тара, се вбројуваат меѓу трите највисоки во Европа.
 

 

Ова лето, на посетителите им е на располагање и zip-line,  сајла оптегната од едниот до другиот брег.
Спуштајќи се по сајлата, посетителите можат да го видат кањонот од сосем нов агол…“ запиша  Иво Кожул за своето доживување на Ѓурѓевиќи на Тара. Тој –  како и Петковски, помина неколку дена во Црна Гора а за впечатоците пишуваше за страницата www.izmedjuplaninaimora.com
Ако наместо адреналин сакате малку авантура во  дивина, тогаш вистинското место за Вас е одморалиштето на брегот на Пивското езеро, скриено далеку од очите на цивилизацијата. Добро, оддалечено е околу половина  час возење од Плужине, гратче на северот на Црна Гора.
Во овој камп, кој е тешко видлив дури и од езерото, можете да се чувствувате како Робинзон Крусо.
„Место кое освојува на прв поглед“ вели Кожул.
„Место како од филмовите“, наведува Иво за местото кое „гарантира апсолутен мир и изолираност“.
„Ако некој и се осмели да дојде пешки, би требало да ја изоди целата планина која се издигнува над него“, додава.
Во моментот на неговата неодамнешна посета, во кампот постоеше  една колиба на кат, во која може да се преспие, има  и место за правење скара и готвење храна и место каде може да се седна за да се руча и за одмор.
А сето тоа со поглед на Пивското езеро, најголемото вештачко езеро, чија должина изнесува 45 км и кое, на некои места е длабоко и до 200 метри.
На посетителите желни за авантура, на располагање им стојат и одлични авантуристички паркови на Иванови корита, во националниот парк Ловќен, потоа еден на Жабљак, недалеку од Црното езеро.
Ако сепак сакате авантурата да ја доживеете на морскиот брег, можете да се обидете со возење со параглајдер на Будванската ривиера. Точка за тргнување е Брајиќи (на 760 м надморска височина), над Бечиќи.
„Не постојат зборови кои би го опишале адреналинот кој тече низ вените кога ќе се претворите во човек птица“ е впечатокот на Петра Сланиќ, блогерка од Словенија, за летот над црногорското крајбрежје.
Ако параглајдерот не е доволен за вашиот авантуристички апетит, тогаш – правец Улцињ и Големата плажа, каде може да се обидете вo  кајтсурфинг.
Улцињската Голема плажа се смета за една од топ дестинациите  за љубителите на овој спорт, поради ветерот Маестрал кој овде дува 90 дена во годината, пространата песочна плажа и големиот број сончеви денови во текот на годината.Кога Дамир Петковски од Бор беше повикан да ја посети Црна Гора  во улога на блогер, тој не ни сонуваше дека во тек на својот престој во таа д

loading...
Loading...