Потиснувањето на трауматски спомени може да предизвика амнезија

Тестот е извршен врз 391 здрави доброволци. Супресијата на болни спомени може да го блокира формирањето на нови спомени, укажува истражување цитирано од The Guardian.Истражувањето може да помогне да се објасни зошто луѓето страдаат од ПТСН и други ментални состојби поради кои често имаат проблем да запомнат настани.
Во публикација објавена во журналот Nature Communications, научниците опишуваат дека обидите да се заборават инциденти од минатото можат да создадат „виртуелна рана“ во мозокот која фрла „сенка на амнезија“ врз формирањето на нови спомени.
„Ако сакаме да го спречиме заживувањето на некоја траума, сѐ што сме преживеале во периодот на потиснување исто бива апсорбирано од оваа црна дупка“, објаснува д-р Џастин Холберт, еден од авторите на истражувањето.
Феноменот го привлече вниманието на истражувачите за време на едно предавање, кога ученичка добила амнезија откако станала сведок на масовно убиство во 1999 година.
По враќањето во класот, ученичката утврдила дека не може да се сети на ниедна од лекциите на коишто присуствувала. Истражувачите претпоставиле дека тоа се должи на механизам со кој заборавањето на несакани спомени е поврзано со намалување на ефикасноста на меморијата за кратки периоди на време.
Заклучоците од студијата ги поддржуваат користените методи за терапија на ПТСН кај кои супресијата на болни спомени не се препорачува.Истражувањето може да помогне да се објасни зошто луѓето страдаат од ПТСН и други ментални состојби поради кои често имаат проблем да запомнат наст

Пронајдете не на следниве мрежи: