Проговори после 8 години: Пријателка на Тоше Проески дури сега откри дека тој…

Пејачот Тоше Проески несреќно загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа, а осум години подоцна, една од неговите најблиски пријателки Ања Миронова, одлучила да проговори за порталот  24сата.рс  животот на пејачот, како и фактот дека се повеќе луѓе го користат неговото име за лична промоција. Го пренесуваме разговорот во целот!Каков беше Тоше во приватен живот, што го интересираше, што правевете заедно?
„Можам да кажам  дека тој е личност за цел живот. Секогаш можевте да се потпрете на него како на пријател и брат. Секогаш искрен. Беше оптимист, секогаш позитивен, но и воедно многу емотивен и силен. Не можевте да го сретнете изнервиран, да се расправа или да навредува  некого. Секогаш беше насмеан, дури кога не му беше до смеење, ќе направеше се  за другите да се чувствуваат расположени и на секого му пружаше внимание. Гледаше многу филмови, омилени му беа историските. Спортот исто така го исполнуваше. Сакаше да компонира и да чита книги. Некое време пред смртта, што малку кој знаеше за тоа, ги проучуваше јазиците, а посебно беше импресиониран од италијанскиот. Имаше малку слободно време и секогаш го минуваше во кругот на семејството. Исто така, никогаш не можевте да чуете, како повеќето денешни ѕвезди, да каже дека настапите се напорни, дека не им се оди на концерти, дека се преуморни. Тој и кога беше уморен, што често се случуваше, велеше „Ух, што убаво се уморив“. Било да се работеше за концерти, спорт… Го сакаше тоа што го работеше.
Какви спомени носиш од тој период од животот?
Убави и само убави. Се останато би било сувишно.
Колку долго се познававте?
Се запознавме во 2004 година и тоа сосема случајно. Моето семејство го познаваше бидејќи се занимаваат со музика, па така остваривме контакт.

 
Дали ти пречеше тоа што  многумина, по несреќата, почнаа да се поврзуваат со него иако не биле ни приближно  блиски?
Ми сметаше и ми смета. Многу ме нервира фактот, почнувајќи од фановите, па преку луѓето кои можеби неколку пати се виделе со него, а кои го нерекуваат пријател, за весниците да зборуваат како Тоше бил „ангел“. Дали тие луѓе имаат било какви искрени чувства и почит? Апсурдно ми е да читам и  слушам такви  изјави. Луѓето кои навистина го познаваа ќе се сложат со мене. Тоше не беше никаков светец, да се разбереме. Тој беше само момче какво денешницата  нема и нема, бидејќи е реткост да се види  комплетно и грижливо момче кое би му излегло во пресрет на секого. Тоа денешницата го нема и слободно можам да кажам дека се срамам поради тоа во името на сите луѓе. Тој  пред се беше многу воспитано момче. Побожен. Културата, побожноста, добротата која се носи од семејството и црквата се работи кои  најмногу го одликуваа.

Како се бориш со неговото заминување?
Понекогаш ми се чини дека ми е полесно кога сум во кругот на некое заедничко друштво  бидејќи ме враќа на старото. Не сакам кога многу се зборува за него, кога сме заедно некако го исчекуваме неговото доаѓање. Едноставно не се борам. Тоа боли и ќе боли  се додека постојам. Најтешки ми се тие денови 16 и 17 октомври.
Дали можеш да издвоиш некоја анегдота која заедно сте ја доживеале?
Во една прилика додека седевме и зборуваше  како ѝ се восхитува на групата „Il Divo“. Беше во состојба со  часови да зборува за нив. Беше фасциниран. Од тогаш 2007 година до денес, ете ме мене на четвртиот нивен концерт, и тоа во првите редови.
Што би му порачала на Тоше доколку можеш?
Би му кажала само: „Ти благодарам“.Каков беше Тоше во приватен живот, што го интересираше, што правевете заедно?
„Можам да кажам  дека тој е лично

Пронајдете не на следниве мрежи: