Работна средба помеѓу Централен регистар на РМ и Занаетчиска комора на РМ

Директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, денес во просториите на Централниот регистар се сретна со претставници од Занаетчиската комора на Република Македонија заради понатамошно унапредување на соработката помеѓу двете институции.На состанокот конкретно се разговараше околу деталите за спроведување во пракса на новиот Закон за занаетчиство, особено во делот на комуникацијата помеѓу двете институции по електронски пат заради извршување на нивните законски обврски во овој домен. Договорено беше да се воспостави веб-сервис преку којшто Занаетчиската комора на дневна основа ќе ги добива сите промени на податоците што субјектите од интерес ќе ги прават во Трговскиот регистар. Дневната размена на податоци ќе се однесува на околу 27,000 субјекти запишани во Трговскиот регистар кои работат во дејностите опфатени со законот и на годишно ниво, согласно показателите од претходните години, вршат околу 10,000 промени.
Претставниците на Занаетчиската комора изразија задоволство од отвореноста на Централниот регистар за нивните сугестии и за решавање на тековните проблеми, при што ја истакнаа досегашната беспрекорна соработка како со централата, така и на локално ниво, со регионалните регистрациони канцеларии на Централниот регистар. Двете страни се заложија да ја продолжат редовната комуникација во насока на исполнување на законските надлежности на двете институции и задоволување на потребите на занаетчиите како клучен фактор за економската активност во Република Македонија.На состанокот конкретно се разговараше околу деталите за спроведување во пра

Пронајдете не на следниве мрежи: