Се започнува со изградба на неколку улици во Берово

Во Берово деновиве започнаа градежните активности за реализација на неколку проекти од патната инфраструктура предвидени за реализација во 2016 година.Покрај активностите за реконструкција на горниот дел од ул.“Маршал Тито“  на која во тек е поставување на тротоарските површини, се започна и со активности за изградва на ул.“Козара“ и уште еден крак од улицата “Маршал Тито“ кој води кон семејните куќи на Ѓорѓи Полевски и Ванчо Чаушовски.
Овие два крака се во должина од околу 200 метри и за истите се предвидени средства во висина од околу 1.500.000 денари.
Во Берово се започнува и со изградбата на крак на ул.“Дамјан Груев“ покрај градските гробишта во должина од 100 метри и широчина од 6 метри каде е предвидена и изградба на тротоарски површини од двете страни со широчина од 1 метар додека на улицата претходно е извршена и промена на азбесните цевки. За овој проект се предвидени околу 1.750.000 денари.
Исто така се започнати и активности за изградба на паркинг просторот пред колективната зграда на ул.“Моша Пијаде“, проект преку кој е опфатена и реконструкција на ул.“Паруца“.Покрај активностите за реконструкција на горниот дел од ул.“Маршал Тито“  на која во тек е поставување на тротоарските површини, с

Пронајдете не на следниве мрежи: