Теоријата на Ајнштајн издржа пред тестирањето во тнр. бело џуџе

Астрономите ја проверија применливоста на општата теорија на релативноста на Ајнштајн во такви екстремни услови, какви што на Земјата не постојат, а и во универзумот не е лесно да се откријат. Лабораторија им стана доста егзотичен објект – ѕвезден систем кој се состои од масивна неутронска ѕвезда и диво бело џуџе кое се врти околу неа.
Неутронската ѕвезда PSR J0348 +0432 е остаток од експлозија на супернова. Таа е двапати потешка од Сонцето, иако дијаметарот и е само 20 километри. Силата на гравитацијата на нејзината површина 300 пати ја надминува силата на гравитација, а супстанцијата во центарот и е стуткана до таква густина дека коцка со зафатнина на коцка шеќер тежи повеќе од милијарда тони.
Во нејзина придружба е бело џуџе – слабо блескав остаток од многу полесна ѕвезда, која во минатото е исфрлена во атмосферата и бавно се лади.
Применливоста на општата теорија на релативноста многупати проверувана надвор од границите на земјата, но остануваше мистерија дали таа работи во услови на гравитација, каква што е присутна во околината на масивните неутронски ѕвезди. Досега теоретичарите имаат развиено неколку алтернативни теории на гравитација, чии разлики од општата теорија на релативноста би можеле да се појават само во крајно силни гравитациони полиња.
Токму затоа меѓународен тим научници под водство на Џон Антониадис од Институтот за радиоастрономија “Макс Планк” се одлучија во системот PSR J0348 +0432 да направат проверка на општата теорија на релативноста. Неутронска ѕвезда во оваа двојка е радиопулсар – благодарение на својот магнетизам тој испраќа во просторот периодични радио сигнали, кои што се забележани  на Земјата од радиотелескопите.
Според предвидувањата на општата теорија на релативноста таков голем систем, кој зрачи гравитациони бранови, би требало постепено да ја губи енергијата – белото џуџе би требало да се приближува кон неутронската ѕвезда и да се врти се побргу.
Овие еволутивни промени се прикажани и толкувани различно од општата теорија на релативноста и од конкурентните теории на гравитацијата.
Набљудувања спроведени од неколку радиотелескопи на земјата, покажуваат дека општата теорија на релативноста издржува. “Нашите радионабљудувања беа толку прецизни што успеавме да го измериме намалување на орбиталниот период од 8 милиони делови од секундата на година, онака како што предвидува теоријата на Ајнштајн”, појаснува Паоло Фрејре, еден од авторите на ова истражување, објавено во списанието Science.
Астрономите ја проверија применливоста на општата теорија на релативноста на Ајнштајн во такви екстремни услови, какви што на Земјата не постојат,

Пронајдете не на следниве мрежи: