Уапсен мигрантот со закон од далечната 1861 година во Британија

40 годишниот мигрант од Судан Абдул Рахман Харун кој пропешачи 50 километри низ Евротунелот под Ламанж, додека возовите минуваа крај него со брзина над 160 километри на час, вчера на суд се изјасни за невин по обвинувањето за кршење на британскиот закон од 1861 година, кој предвидува кривично гонење „доколку некој засмета на железничкиот сообраќај“Харун е првиот мигрант кој за малку не успеа да го преоди патот до Фокстон, пристаништето во Веика Британија, но на самиот излез од тунелот беше уапсен. Неговата приказна е само една од илјадниците судбини на мигрантите кои сега живеат на отворено во Кале, француското пристаниште на влезот во тунелот, а кои очајнички чекаат шанса да стигнат до британско тло.
Обраќајќи се преку видео-линкот од британскиот притвор, Харун со помош на Николас Џонс, британско- арапски преведувач кој се претставил и како негов адвокат, кон судијата од Кралскиот суд во Кент рекол дека неговата одбрана ќе ја базира на две основи- дека не предизвикал никакво попречување на сообраќајот, додека втората е повикување на член 31 од Конвенцијата на ООН за статус на бегалец, кој во суштина посочува дека бегалци „не можат да бидат кривичко гонети за користење на нерегуларни начини за да влезат во земја во која очекуваат спас“.
Според извештаите, Харун ги минал неколкуте огради од жица, избегнал стотина камери кои го покриваат приодот кон тунелот, ги избегнал стражарите со кучиња- трагачи и успеал да влезе во тунелот. Потоа околу 12 часа одел низ мрак, додека до него минувале возови со брзина од 160 километри на час.
Судијата му одредил притвор и закажал ново рочиште за 9 септември. Кога слушнал дека ќе остане во затвор, Харун во неверување ги кренал рацете во воздух и почнал да збори на арапски, заради што судијата го прекинал видео-линкот.
Случајот ја подели британската јавност меѓу оние кои бараат построги правила за да се спречи бранот мигранти кои сакаат да влезат во државата и оние кои повикуваат на хуман третман.
Европа нема единствен одговор, ниту пак наскоро ќе го има, а државите членки на Унијата, откако не се договорија околу поделба на мигрантите, тие се оставени сами да одлучат како ќе се однесуваат кон мигрантите.Харун е првиот мигрант кој за малку не успеа да го преоди патот до Фокстон, пристаништето во Веика Британија, но на самиот излез од тунелот беше уа

Пронајдете не на следниве мрежи: