Видео: Ново откритие ја растресе теоријата за историјата на човековата раса!

Теоријата дека пред два милиони години на земјата паралелно живееле разлчни хуманоидни видови е доведена под знак прашање, наведува магазинот „Сајнс“.Списанието посочува дека најнови откритија наведуваат на заклучок дека фосилните остатоци откриени во Африка и во Евроазија најверојатно им прапаѓаат на хуманоиди од ист вид.
Според овие научници, Хомо Хабилисот, Хомо Рудилфенсисот и Хомо Еректусот се всушност дел од истата развоја линија што довела да создавањето на совермениот човек – Хомо Сапиенсот.
До ваквиот заклучок е додјдено врз основа на проучување на череп на хуманоид пронајден во близина на грузискиот град Дманиса, кај кој се најдени карактеристики специфични за Хомо Хабилисот, но и специфики на Хомо Еректусот.Проценето е дека овој череп е стар околу 1,8 милиони години, со што локацијата кај Дманиса докажува дека во тој период хуманоди не живееле само во Африка, мислење кое досега беше прифатено како доминанто во науката.
– Сега имаме доказ дека каков бил раниот хуманоид, изјави Давид Лордкипанидзе од Грузискиот национален музиј во Тбилиси. Черепот откирен во Грузија бил споредуван со друг череп пронајден во Африка, за кој е  проценто дека е стар околу 2,4 милиони години, при што е утврдено дека има голем број сличности меѓу двата хуманоиди.

 
Соработникот на Лордкипанидзе, Кристоф Циликофер од Антрополошкиот институт од Цирих, вели дека на прв поглед може да се констатира дека двата черепи им припаѓаат на претставници на различни хуманиоидни видови, но кога ќе се направи подетална анализа се доаѓа до заклучок дека се „толку случни, што се претпоставува дека се остатоци на припадници на ист вид“.
Но, некои палеоантрополози не се согласуваат со факвите сознанија и наведуваат дека во посочениот период во Африка живееле најмалку три разлини видови хуманоиди. Според Фред Спур од Универзитетот во Лондон, методите што ги користеле Лордкипанидзе и Циликофер не се доволно цврсти за да докажат дека черепите им припаѓаат на ист вид хумаоиди.
Неговиот став го поддржува и Крис Стирнгер од Природо-научниот и историски музеј од Лондон, посочувајќи дека меѓу двата споредувани черпи има и огромни разлики кои истражувачите ги занемариле.
 
Списанието посочува дека најнови откритија наведуваат на заклучок дека фосилните остатоци откриени во Африка и во

Пронајдете не на следниве мрежи: