Внимавајте при купувањето на влажни марамчиња-некои од нив се многу штетни!

Истражувачите од клиниката Мејо во Минесота докажаа дека хемикалијата метилхлороизитиазолинон MCI, која се користи во влажните марамчиња, може да предизвика црвенило, иритации и алергиски реакции.Чи­тај­те ги дек­ла­ра­ци­и­те на влаж­ни­те ма­рам­чи­ња
Ан­ти­ба­кте­ри­ски­от спој бро­но­пол што го со­др­жат не­кои влаж­ни ма­рам­чи­ња е ште­тен за ко­жа­та и за бе­ли­те дро­бо­ви, ка­ко и за иму­но­ло­шки­от си­стем. Во влаж­ни­те ма­рам­чи­ња че­сто се на­о­ѓа­ат и то­ксич­ни­те фта­ла­ти кои, ка­ко што твр­дат струч­ња­ци­те, ги ими­ти­ра­ат жен­ски­те хор­мо­ни.
Научниците инсистираат предметната хемикалија да биде веднаш додадена кон листата на токсични соединенија, бидејќи не се става само во марамчињата, туку исто така и во козметиката.
Во големи концентрации MCI е познат кожен надразнувач кој е во состојба да предизвика и изгореници. Според светските прописи тој е безбеден кога се употребува во пониски концентрации и кога не е во продолжен контакт со кожата.
Др. Варшау која е експерт по алергологија на Универзитетот во Минесота вели дека 3% од целокупното население е алергично на оваа хемикалија. Заедно со овие штетни конзерванси постои и друг опасен алерген – освежувачот. Соединенијата кои го одржуваат свежиот мирис на влажните марамчиња можат да ја иритираат кожата, а ако дојдат во контакт со очи или отворена рана можат да предизвикаат десет пати посилна алергиска реакција.
MCI исто така го има и во шампони, сапуни, гелови за туширање и кремови за сончање. Експертите предупредуваат да се проверува составот на производите кога се купуваат за да се избегнат оние што го содржат овој конзерванс.
Извор: mkd-news.com
 Чи­тај­те ги дек­ла­ра­ци­и­те на влаж­ни­те ма­рам­чи­ња
Ан­ти­ба

Пронајдете не на следниве мрежи: