Во кој период од животот жените имаат најмногу самодоверба?

Во кој период од животот жените имаат најмногу самодоверба?

Витка фигура, лице без акни и тежина се најважните фактори кои влијаат на самодовербата кај жените. Во истражувањето на брендот Healthspan Nurture Replenish учествувале 2.000 жени, постари од 50 години. Врз основа на нивните резултати, било откриено дека жените имаат најмногу самодоверба во раните триесетти години од животот. Тогаш се чувствуваат удобно во својата кожа и се најзадоволни со својот изглед.

Во 33 година од животот жените сметаат дека моменталната телесна тежина им одговара, имаат лице без акни, а косата им е и понатаму здрава. Кои работи, кога е физичкиот изглед во прашање, влијаат најмногу на самодовербата кај жените? Според резултатите од истражувањето, 62 отсто од жените се изјасниле дека прекумерната телесна тежина влијае на падот на самодовербата, заедно со изгледот на косата и забите.

Тие исто така истакнале дека на нивната самодоверба влијае и обемот на стомакот. Според истражувањето, 46 отсто од жените веруваат дека менопаузата негативно влијае на самодовербата. Прекумерната телесна тежина, промените на кожата и косата кои се јавуваат при влезот во четвртата деценија, ги прават жените да се чувствуваат незадоволно и да се доживуваат себеси неатрактивно, истакнува Сара Бревер, докторка која учествувала во споменатото истражување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.