Дваесет и едногодишен напаѓач со калашников уби најмалку 22 лица во трговски центар во градот Ел Пасо во Тексас, соопштија локалните власти. Иако полицијата потврди дека еден напаѓач е во притвор, како што тврдат очевидци имало уште еден и по него се трага. Напаѓачот со калашников пукал по купувачите и вработените во трговскиот центар во градот во непосредна близина на границата со Мексико. Луѓето во паника се криеја под штандовите, а на социјалните мрежи се појави и видео како со подигнати раце излегуваат од трговскиот. На камерите се гледа и и ликот на напаѓачот кој застрелал 22 лица, при што има извештаи дека четири жртви биле деца. 21-годишниот напаѓач бил вооружен со пушка АК-47. Полицијата потврди дека еден маж, на возраст од 21 година, е приведен заедно со уште двајца.
Полицијата претходно објави дека добила дојава за вооружен напаѓач кој испукал рафали, по што биле застрелани повеќе луѓе. Во текот на денот полициските органи ги предупредија граѓаните дека пукањето е се уште активно со напомена да не се приближуваат до трговскиот центар, кој се наоѓа на само неколку километри од американско-мексиканската граница.