Во САД почина посвоено дете од Русија, нови тензии меѓу Москва и Вашингтон

Жена од американската сојузна држава Тексас е осомничена за убиство на детето посвоено во Русија, објави на својот микроблог Twitter комесарот на правата на децата на Руската Федерација, Павел Астахов.

 „Во Тексас мајка посвоител убила тригодишно руско дете. Убиство се случило кон крајот на јануари. Амбасадата на Руската Федерација била запознаена со случајот, и покрај отсуството на одговор од американскиот Стејт департмент. Момченцето починало пред да дојде брзата помош повикана од мајката посвоител. Според заклучоците на патолозите, на телото од малечкото имало многу повреди”, пишува Астахов, пренесува РИА Новости.
Астахов, исто така, напишал и дека мајката посвоител му давала на детето силни психотропни лекови, а пред смртта го истепала.
Истражниот комитет на Руската Федерација веќе започнал процедурална истрага за смртта на момченцето по име Максим, изјавил официјалниот руски претставник, Владимир Маркин.
Подоцна, Павел Астахов на Twitter објавил дека обвинителството на американската држава Тексас е подготвено да соработува со Русија во истрагата за смртта на тригодишникот.
„Обвинителите на Тексас ветија дека ќе соработува со Руската Федерација во истрагата за смртта на Максим Кузмин згрижен во американско семејство”, напишал Астахов.
Детскиот правобранител истакнал дека тој разговарал околу деталите за смртта на момчето со генералниот конзул во Тексас. „Во семејството е прифатен и братот на Максим, двегодишниот Кирил. Конзуларните претставници на Руската Федерација биле примени во семејството на американските родители на Максим Кузмин и се запознале со условите за живот на неговиот помлад брат”, изјавил Астахов.
Конечните заклучоци од истрагата за смртта на детето, којашто ја спроведува обвинителството на Тексас, ќе бидат доставени во рок од 10 до15 дена, додал Астахов.Руското министерство за надворешни работи очекува тешка казна за американската мајка посвоител, која ја смета за одговорна за смртта на посвоеното дете од Русија.
„Ние будно ќе ја следиме истрагата во случајот на смртта на Максим Кузмин. Претпоставуваме заслужена строга казна за оние кои се одговорни за неговата смрт. Посвоителите редовно му давале на тригодишното детето силен антипсихотропски препарат, којашто најчесто се дава за третирање на шизофренија кај возрасните. Бројните повреди на главата и на нозете, стомакот и на внатрешните органи се регистрирани кај починатиот на 21-ви јануари оваа година Максим Кузмин”, напишал на својот профил на Twitter, ополномоштен од руското министерство за надворешни работи, за прашањата за човековите права, демократијата и владеењето на правото, Константин Долгов.
Тој, исто така, истакнал дека американскиот Стејт департмент воопшто не му дава помош на рускиот конзулат во разјаснувањето на причините за смртта на детето.
Веднаш во руската јавност започнаа коментари за трагедијата. Така, заменикот-претседател на Државната Дума, пратеникот од владејачката Единствена Русија, Сергеј Неверов не ја исклучува можноста дека руските власти можат да го покренат прашањето за одземање од американско семејство на второто посвоено дете од Русија, доколку се докаже дека тоа е виновно за смртта на Максим Кузмин.
„Фактот што продолжуваат смртните случаи на нашите (руски) деца, дури и во случај кога не е можно да се добијат оперативни информации за тоа, информации за тоа што се случува со нив, продолжуваат да предизвикуваат загриженост. Верувам дека сега треба да стори сé што е можно да се дознае вистинската причина за она што се случило. И ако се докаже вината на американските родители, не ја отфрлам можноста дека ќе ја изнесам пред американските власти можноста за натамошен престој во ова семејство на второто дете посвоено од Русија”, изјавил Неверов.
Од своја страна, еден од авторите на ткн „закон Дима Јаковлев” (со кој меѓу другото, им забранува на Американците да посвојуваат руски деца), Олга Баталина истакна дека уште едната трагедија со руско дете покажа дека ставот на САД по прашањето за посвојување за последните месеци воопшто не се менува.
„Ова уште еднаш ја потврдува валидноста на преземените мерки од страна на Русија -.. Забраната за посвојување на руски деца во САД. Како и претходно во слични ситуации, информацијата за смртта на руското момченце Максим Кузмин во Тексас не дојде од американскиот Стејт департмент. Од своја страна САД не покажуваат намера да соработуваат со властите на Русија во истрагата и утврдувањето на причината за трагедијата. Наместо тоа, во САД се продолжува практиката да не се преземаат доволно мерки за да се спречат таквите трагични случаи со посвоените деца”, смета Баталина.
Бројните случаи на злосторства против децата посвоени од Русија во САД, пишува РИА Новости, придонесоа за донесување на ткн. „закон Дима Јаковлев”, донесен во јануари 2013 година кој забранува посвојување руски деца од страна на американски државјани. Овој закон е именуван по двегодишното руско момченце кое почина во САД, каде што било посвоено во едно американско семејство, откако посвоителот го оставил затворено во автомобил на голема жештина. Американскиот суд пресуди дека посвоителот не е виновен за смртта на детето.
Новиот руски закон предвидува и составување список на Американци непожелни за посвојување руски деца за кои постојат сомневања дека ги нарушиле правата на руските граѓани. Листата е составена, но нема да биде објавена во јавноста.
САД за носењето на овој закон ја обвинија Москва дека донела политичка одлука против Вашингтон. Според САД, овој закон е своевиден одговор на ткн „закон Магнитски” кој претходно беше донесен во САД а со кој санкционираат руските функционери коишто се инволвирани во затворањето, наводното измачување и смртта во затворот адвокатот Сергеј Магнитски во 2009 година и за кршење на човековите права, што Кремљ го оцени како антируски потег.
Сергеј Магнитски беше адвокат кој ги истражуваше случаите на наводна корупција во руските државни компании. Магнитски почина во притвор во Москва во текот на истрагата поради сомневањата дека му помогнал на британскиот инвестициски фонд „Hermitage Capital Management” кој го раководеше Вилијам Броудер да избегне плаќање данок. Броудер е протеран од Русија како државен непријател. Само неколку дена по смртта на Магнитски истече рокот од една година колку што можеше да биде затвор без обвинение, а починал од срцев удар.
Според Астахов, во периодот од 2000 до 2011 година, странски државјани посвоиле и ги изнеле од Русија околу 65 илјади деца. Меѓу земјите во кои се посвојуваат руски деца, доминираат европските земји. Во 2011 година, италијанските државјани посвоиле 798, во Шпанија – 685, во Франција – 283, во Германија – 215. Меѓутоа, лидер според бројот на посвојувањата останале САД, каде во 2011 година биле посвоени 956 деца од Русија.
Макфакс
Жена од американската сојузна држава Тексас е осомничена за убиство на детето посвоено во Русија, објави на својот мик

Пронајдете не на следниве мрежи: