Водата од ова растение е моќен напиток – го јакне имунитетот, го регулира холестеролот, подмладува…

Водата од бреза во Русија веќе со децении се користи како додаток во исхраната и за медицински потреби. Во последно време таа станува популарна и во Европа, и тоа поради добра причина.
Дрвото од бреза природно филтрира околу 100 литри вода дневно низ својот корен и впива многу минерали и хранливи состојки. Овој напиток е лек за вашето тело, од глава до пети.
Еве неколку причини поради кои треба редовно да користите сок од бреза:
1. Го зајакнува имунитетот
Благодарение на богатите витамини и минерали, водата од бреза е одлична за зајакнување на вашиот имун систем и отпорноста на организмот.


2. Делува поволно на холестеролот
Истражувањето покажало дека сапонинот, состојката која што се наоѓа во сокот од брезата, има својство да го намали холестеролот во вашата крв.
3. Го чисти организмот од токсини
Водата од бреза помага вашиот организам да го елиминира вишокот сол (натриум), фосфат, уреичка киселина, амонијак.
4. Помага во работата на џигерот
Редовната употреба на сокот од бреза, ги елиминира штетните материи како што се токсините и маснотиите и на тој начин ја подобрува работата на овој орган кој што има значајна улога во правилното функционирање на организмот.
5. Ја подмладува кожата
Таа помага во растот на дермалните и епидермалните ќелии, па поради тоа вашиот тен ќе изгледа почисто. Водата може да се користи и за миење на вашето лице, а нејзините својства делуваат делотворно доколку имате проблем со вашата кожа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.