Го надминаа скандалот, Јелена почна да се фали на социјалните мрежи

Јелена Карлеуша реши да го прекине медиумскиот молк, па како и претходно, почна редовно  да се огласува на социјалните мрежи. Порно скандалот влегува во сенка или заминува во историјата?
По враќањето од Кина таа им се врати на своите работни обврски, не сакаше да дава изјави, а по лековите кои ги носеше во рака на снимањето на емисијата “Ѕвездите на Гранд“ по враќањето, се шпекулира дека има проблеми со здравјето.
И покрај тоа сега, очигледно, реши да им покаже на сите дека скандалот не му може ништо на нејзиниот брак, и дека целосно го поддржува својот сопруг и неговата кариера. На Инстаграм таа се пофали дека по семејниот скандал нејзиниот Душко добил брутално добра понуда од фудбалски клуб од кој добил понуда да премине во нивните редови. А, понудата е, навистина, да ви се заврти во глава или во бројки – 8.500.000 евра годишно. Пред да ја објави оваа вест таа не заборави да објави и фотографија на која позира заедно со својот сопруг.
И додека Јелена се фали со астрономските суми кои му ги нудат на нејзиниот сопруг, на нејзиниот божемен љубовник, очигледно, не му цветаат ружи. На почетокот на подготовките за вториот дел на сезоната репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Огњен Врањеш е ставен во групата на играчи на “Андерлехт“ кои не се за прва постава.
Бидејќи аферата поприма континентални димензии и има секојдневно нови информации, се за КАРЛЕУША ПРОЧИТАЈТЕ СЕГА И ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.