ГО ФРЛИЛ ТОЧАКОТ СО КОЈ ГО ИЗВРШИЛ ДЕЛОТО ПА ОТИШОЛ ВО ПОЛИЦИЈА ДА ПРИЈАВИ ДЕКА МУ Е УКРАДЕН ТОЧАКОТ – Така го откриле Алабаковски?

Вчера Ламбе Алабаковски беше уапсен за палењето на бугарскиот клуб во Битола. Наводно самиот направил грешка и се издал. Еве како се се случило…

Ламбе Алабаковски

Откако дознал дека го има на камерите снимено точакот со кој дошол да го пали клубот, иако носел маска, Ламбе се испаничил дека ќе го фатат па го фрлил точакот на буниште и отишол сам во полиција да пријави дека некој му го уркал точакот. Ова се информации кои неофицијално ги дознаваме од извори кои ја водат истрагата против него.

Откако полицајците почнале да се сомневаат во неговата приказна, почнале да го распрашуваат и тој многу брзо го признал делото и рекол дека го направил во наплив на патриотизам… (пренесоа повеќе портали, заб.наш.)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.