ДА ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО ГЛАВАТА! Колку пари може да му донесе титулата во Мелбурн на Новак? Наградниот фонд е ЗГОЛЕМЕН, бројката е ОГРОМНА!

Наградниот фонд на Австралија опен е зголемен за 13 отсто и ќе изнесува 59,1 милиони американски долари, објавија организаторите на првиот Грен слем турнир во сезоната, кој започнува на 14 јануари во Мелбурн.

Во 2023 година, Австралија Опен имаше најмал награден фонд од сите четири Грен слем турнири од 76,5 милиони австралиски долари или 52,3 милиони американски долари.

ОВА УЧИЛИШТЕ Е ЕДИНСТВЕНО ВО СВЕТОТ: На учениците им се дозволува она што НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ЗАМИСЛИМЕ, се со идеја дека еден ден ќе бидат подобри луѓе
Образованието е едно од најважните делови од животната сложувалка. Често се дискутира за неговото подобрување и потребните иновации.Кога веќе зборуваме, во Тајланд постои специјално училиште кое е тотално …
Се намалува кредитирањето во долари во светот, расте кредитирањето во евра
Статистичкиот извештај на Банката за меѓународни порамнувања за последниот квартал од 2023 година, како и за годината во целина, се обидува да го разгледа протокот на …

Го освоија српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Белорусинката Арина Сабаленка.

Победниците на изданието за 2024 година ќе заработат околу 3,15 милиони американски долари.

– Го зголемивме наградниот фонд за секое коло на Австралија опен, со големи зголемувања во квалификациите и раните рунди во сингл и двојки – рече директорот на турнирот Крег Тајли и ја нагласи потребата „најдобрите играчи во светот да бидат соодветно наградени.

Наградниот фонд на Австралија Опен е повеќе од двојно зголемен во изминатата деценија, но сепак е помал од 65 милиони долари на УС Опен ова лето. Наградниот фонд на Вимблдон годинава изнесуваше 56,9 милиони долари, а Ролан Гарос 54,9 милиони долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.