Витаминот Ц е многу важен за човечкиот организам, бидејќи освен тоа што го подобрува имунолошкиот систем, тој му помага на телото да се одбрани од сезонски настинки и грип, а го намалува и ризикот од хронични и срцеви заболувања.
Од друга страна, недостатокот на витаминот Ц предизвикува многу здравствени проблеми како што е губењето на телесната тежина, умор, инфекции на уринарниот тракт и слично.
Овој витамин делува како антиоксидант и спречува оштетување на клетките, а потребен е и за биосинтезата на колагенот.
Сепак, лекарите предупредуваат дека треба да се внимава со употребата на витаминот Ц, бидејќи со претерано внесување може да се предизвикаат проблеми со варењето на храната, дијареа, мачнина и грчеви во стомакот.
- Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие
- ВОЈАЖ ГИ ПОКАЖА БРАТОТ И МАЈКАТА! Тој изгледа како вистински АПОЛОН, додека мајка му ги покажа СИТЕ ОБЛИНИ во жежок фустан
- Дали Маријана Сајферт е убиена? Две години нема ни трага ни глас од победничката во Големиот брат: Беше вмешана во скандали, а потоа и се изгуби секаква трага
- ПРОПАЃА ГЕРМАНСКИОТ ГИГАНТ: Еден од најголемите трговски синџири во Европа затвори 16 стоковни куќи, 1.400 работници се соочуваат со отказ!?
- ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец
- Ситуацијата на фронтот се влошува за Украинците
- На мечот меѓу Интер и Торино е испишана историја во Серија А!
- Блинкен: САД видоа докази за обиди на Кина да се меша во ноемвриските избори
- НАЈЛУДИ СВАДБЕНИ РИТУАЛИ – Нема да ви се верува што се практикува низ светот
Исто така, витаминот Ц може да го зголеми процентот на киселини во бубрезите и на тој начин да се создадат камења или песок во бубрезите.
Се прашувате како може да препознаете дали вашето тело има недостаток на витамин Ц? Лесно е. Ако чувствувате малаксаност, болки во зглобовите, имате сува кожа или инфекции, голема е веројатноста дека на вашето тело му недостасува витамин Ц.
Освен во вид на апчиња, витаминот Ц можете да го консумирате преку јадење цитрусно овошје, а исто така го има во зелениот зеленчук, односно во зелката, шипката, кивите, јагодите, чили пиперчињата, црвената и зелената пиперка, прокељот, брокулата, ананасот и папајата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.