Изборната кампања за претседателските избори и за предвремените локални избори што ќе се одржат во општините Охрид, Дебар и Ново Село заврши на полноќ, кога и започна изборниот молк. Денес, еден ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3583 немоќни и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.
Внатрешно раселените лица гласаат во прифатилиштата каде се сместени, а болните и немоќните лица во нивните домови. Избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор гласаат во местото каде што ја издржуваат мерката.