Денеска сончево и топло- еве какво време не очекува во текот на наредните неколку дена, особено во вторник и среда!

Сончево време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска во земјава. ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
За денеска, според метеоролозите, утринската температура ќе се движи од 6 до 16 степени, а дневната од 24 до 29 степени.
Слично време ќе преовладува и во Скопје каде утринската температура ќе се спушти до 13-тиот степен, а дневната ќе се искачи до 28-тиот степен.
Се најавува период на претежно стабилно време но со ниски утрински температури. Во вторник и во среда во западните делови можна е појава на нестабилна облачност со повремен дожд и ретки грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.