Скопјанец пронајден починат пред кафеана

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 16.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки пред угостителски објект во населба Хиподром бил пронајден починат Ф.Ш.(65) од с.Студеничани, скопско.

– Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, информираат од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.