За неа долната облека не е опција: Бјанка се појави во целосно проѕирен фустан од латекс, се беше видливо

Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори повторно го привлекоа целото внимание со своите аутфити во кои се појавија во Лос Анџелес.Додека раперот беше завиткан од глава до пети во црно, неговата 29-годишна партнерка се појави во проѕирен фустан од латекс и изгледаше дека не носи долна облека.Контроверзната двојка беше видена како поминува покрај обожавателите на нивниот состанок вечерта во италијанскиот ресторан Бакари во Лос Анџелес – малку попрофитабилно место во споредба со нивното неодамнешно излегување на The Cheesecake Factor.Својот потполно проѕирен аутфит, под кој и се гледаа градите и другите интимни делови, Бјанка го комплетираше со црвени чорапи и сатенски потпетици.Да потсетиме дека раперот и неговата сопруга се венчаа во декември 2022 година, само неколку недели откако го финализираше разводот со 43-годишната Ким Кардашијан, со која има четири деца.Канје во последно време парадира со полуголата Бјанка низ светот, а нејзините облеки предизвикуваат загриженост дека тој ја контролира. Извори неодамна изјавија за Дејли Мејл дека Бјанка знае дека „претерано се изложува“ и дека е уморна од него да ја користи како „бесплатна маркетиншка алатка за неговиот претстоен албум „Vultures 2““. Исто така, се вели дека „и треба пауза и треба малку да се повлече од очите на јавноста“, иако „и се допаѓа вниманието што го добива“.„Но, сето тоа станува премногу за неа, а Канје продолжува да ја притиска за сè повеќе и повеќе и повеќе и повеќе пред да излезе неговиот Vultures 2“, додава изворот.Што се однесува до желбите на Бјанка, таа наводно сака да престане да се појавува во такви изданија и наместо тоа да се „фокусира на тоа да има деца“ откако ќе биде објавен албумот на Вест.

Пронајдете не на следниве мрежи: