За одличен почеток на денот: Пет брзи и здрави идеи за појадок

Можеби вашиот досегашен начин на живот ви ја оправдувал одлуката да не јадете ништо наутро, но размислете дали и колку е тоа здраво за вас. А сте пробале поинаку за да споредите? Дали ќе „трпите“ до ручек, па ќе се прејадете, или ќе појадувате храна која ќе ве држи сити и полни со енергија?
Првото правило за здрава исхрана е да не се прескокнува појадокот. Колку и да звучи примамливо да ги скратите утринските калории, верувајте дека потешко ќе ви биде да ги скратите навечер.
Овошјето е идеална опција за појадок бидејќи ве снабдува со потребните витамини и минерали, а хранливите влакна ве држат сити подолго време.
Потрудете се да си издвоите време за кафе и/или чај. И едната и другата опција се здрави. Кафето е добро за здравјето на срцето, а чајот е полн со антиоксиданси, помага во губењето килограми и го намалува ризикот од заболување од рак.
Избирајте свежи, локални и сезонски производи за вашата исхрана, а тоа особено е важно за појадокот.
Ви предлагаме пет брзи и здрави идеи за појадок за кои не можете да најдете изговор дека немате време да ги подготвите:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.