ЗЕМЈОТРЕС ВО ЖИВО: Вака пакистанска тв извести! И покрај тресењето на земјата, водителот остана мирен! ВИДЕО

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Централна Азија. Земјотресот го почувствувале 285 милиони луѓе на површина од повеќе од 1.000 квадратни километри во Пакистан, Индија, Узбекистан, Таџикистан, Казахстан, Киргистан, Авганистан и Туркменистан.

Најголем број жртви има во Пакистан, 9, а најмал во Авганистан, две.

Засега нема снимки од тоа подрачје, освен што пакистанскиот телевизиски канал ТВ Машарик на паштунски јазик од Пешавар, веднаш на границата со Авганистан, во живо го пренесува земјотресот за време на вестите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.