Две златни медали освоија млади неготинки на интернационален куп во кикбокс што се одржа вчера во Босна и Херцеговина, информираа денеска од КБК „Гладијатор” од Неготино.
– Во Тешањ, Босна и Херцеговина, се одржа реномираниот интернационален куп во кикбокс WAKO Balkan Open 2023, каде учество земаа и нашите девојки од КБК „Гладијатор” Неготино, Јадранка Темелкова и Марија Јанева, кои се вратија со два златни медали. Јадранка како помлад јуниор во КЛ -55 килограми дисциплина, во полуфиналето ја совлада Хрватката со 3-0 и се пласира во финале, каде извојува победа пак со 3-0 и се закити со злато. Марија како сениор во КЛ-60 килограми, во финале ја совлада Босанската натрпреварувачка и со 3-0 се закити со злато, појаснија од Клубот.
- Пет знаци дека сте во одлична врска
- Морничаво: Се пожалил на болка во увото, а кога го прегледале лекарите забележале нешто што ги згрозило (ВИДЕО)
- 23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип
- НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска во Украина за обука на украинските сили
- Додека истражувале убиство, во близина чуле морничав звук: Полицијата почнала да копа дупка, па наишла на нешто монструозно (ВИДЕО)
- 5 најчести грешки кога правите пица дома
- Овие хороскопски знаци најлесно се заљубуваат
- Путин ги отвори картите: Во моментов нема планови за заземање на Харков! Рускиот Претседател ја открива целта на руската офанзива
- Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
Оттаму информираа дека на овој куп учествувале 85 натпреварувачи од нашата држава, предводени од претседателот на Македонската кикбокс Маи Таи федерација, Дејан Митревски- Урко. Биле освоени 67 медали, 19 златни, 25 сребрени и 23 бронзени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.