И денеска ќе врне дожд цел ден – утре за време на неработниот ден не очекува уште полошо време

Претежно облачно време ќе преовладува и денеска во земјава. Ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, а на планините ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12, а максималната од 9 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени.
Облачното и студено време ќе продолжи и следните денови. Ќе има и повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни и некаде ќе наврнат до 20 л/м2 за 24 часа, а на места ќе бидат со пороен карактер и проследени со засилен ветер.
Во понеделник ќе има и услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со засилување на ветерот и ретки грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.