Италија во изборен шок – нема стабилно мнозинство

Италија во вторникот се соочува со политичка пат позиција, како и што предвидуваа предизборните испитувања на јавното мнение, по изненадувањето што го приреди релативно новата политичка сила во земјата Движењето 5 ѕвезди на сатиричарот и сестран уметник Бепе Грило која излезе најсилната самостојна политичка партија во Италија, меѓутоа ниедна коалиција не оствари мнозинство во парламентот.Како што забележува римскиот дневен весник Il Messaggero во насловниот текст – победник на парламентарните избори коишто се одржаа во неделата и понеделникот – е анархијата, којашто е одраз на безизлезноста  во која се најде Италија и со која мор ада се соочи во следните неколку седмици во кои заколнатите политички непријатели ќе мора да работат заедно за да формираат влада.
Ненадејниот подем на Движењето 5 ѕвезди, инаку, почна на локалните административни избори во мај 2012 година, истовремено со намалувањето на поддршката за партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони – Народ на слободата, (PdL) и растот на довербата во централно-левичарската сили. Политичките противници Бепе Грило го нарекоа најголемата закана за Италија.Ова движење коешто самиот Грило го нарече „непартија“ освои 25,5 отсто од гласовите во долниот дом на парламентот, додека Демократската партија на Пјерлуиџи Берсани којашто ја предводеше коалицијата на левиот центар освои 25,4 отсто од гласовите. Севкупно, за  Движењето 5 ѕвезди на изборите гласале 8,7 милиони гласови, повеќе од која и да е друга поединечна партија, и тако оваа „непартија“ стана најголемата партија во Италија.Меѓутоа, сепак коалицијата на левиот центар предводена од Берсани освои во долниот дом вкупно 29,6 отсто од гласовите, додека коалицијата на десниот центар предводена од Берлускони во Пратеничкиот дом освои 29,1 отсто од гласовите.Резултатите од гласањето за Сенатот, горниот дом од италијанскиот парламент, коешто се одвива по региони, покажуваат дека коалицијата на левиот центар ќе има околу 119 пратенички места, додека коалицијата на десниот центар ќе има 117 места, Движењето 5 ѕвезди – 54, а листата на политичкиот центар што ја предводеше премиерот на заминување Марио Монти треба да има 18 места и шест места за пратениците од италијанската дијаспора. За да се добие мандат за формирање влада, потребно е во сенатот да се освојат 158 мандати, а секоја коалициска влада којашто би се формирала би морал ада има мнозинство во двата дома на парламентот за да носи закони.Имајќи предвид дека резултатите од овие избори се недостигот на стабилно мнозинство, поранешниот премиер Берлускони најави дека неговата коалиција на десниот центар би можела да биде отворена за разговори за голема коалиција со блокот на Берсани на левиот центар.Пјерлуиџи Берсани, пак, прогласи изборна победа, меѓутоа сепак призна дека Италија се наоѓа „во многу деликатна ситуација“.Светските финансиски пазари нервозно реагираа на изгледната политичка пат позиција во Италија која е третата според големината економија во еврозоната. Атака, еврото на валутните пазари во Азија во вторникот падна на најниското ниво во однос на 10-ти јануари, потонувајќи на 1.3042 долари. Исто така, дојде и до расчекор меѓу каматите на германските и на италијанските долгорочните државни обврзници кој стана остро неповолен за Италија.
МакфаксИталија во вторникот се соочува со политичка пат позиција, како и што предвидуваа предизборните испитувања на јавното

Пронајдете не на следниве мрежи: