Словачкиот премиер Роберт Фицо набрзо ќе се врати на работа, по атентатот во мај, кажа министерот за одбрана на Словачка Роберт Калињак.
„Во некои околности напредокот е задоволителен, додека во некои случаи е покомплициран, но Фицо наскоро ќе биде во состојба да ја врши својата работа“, рече тој.
Фицо во следните неколку дена ќе ѝ се обрати на јавноста, но не е познато дали тоа ќе биде лично или преку социјалните мрежи, кажа словачкиот министер за одбрана.
Атентатот на Роберт Фицо беше извршен на 15 мај.